Продолжува соработката со средните стручни училишта од Србија и Хрватска

1

          По минатогодишната успешна  соработка  со средните стручни училишта од Србија и Хрватска и оваа учебна година ќе се реализира нов училишен проект со работен наслов „Размена на позитивни педагошки практики во делот на електротехничката струка“.

        Имено, на ден: 09.09.2017 година директорите Ефтим Пејовски (СЕТУГС „Михајло Пупин“-Скопје), Милан Вукобрат (Електротехничко училиште „Михајло Пупин“-Нови Сад) и Maте Вукушиќ (Техничко училиште „Руѓер Бошковиќ“-Винковци) потпишаа договор со кој се овозможува реализација на проектот во престојниот период: октомври – мај 2017/2018 година. Во основата на проектот предвидена е размена на ученици од трите училишта, односно формирање на тим од 5 ученици 2 професори-ментори од секое училиште кои во престојниот перод ќе имаат три работни средби  во времетраење од по седум денови. Предвидена е по една средба во секое училиште. Целта на проектот  е да се разменат искуства како и можност учениците да стекнат квалитетни вештини и знаења.