Започна новата учебна 2017 / 2018 година

20170904_074958

     На 04.09.2017 година во 7:30 часот во нашето училиште започна новата  учебна 2017 / 2018 година. За учениците од I година беше организиран прием во малата училишна сала со пригодно обраќање на директорот Ефтим Пејовски.
Директорот ги  посочи предностите на електротехничката струка и можностите што ги нуди нашето училиште за стекнување на знаења со употреблива вредност.

На учениците од новооформентана специјализирана ЕВН паралелка (како дел од проектот „20-20-20“) свечено обраќање имаше претседателот на управниот одбор на ЕВН Македонија г-дин Штефан Петер кој им посака успешен почеток на учениците, а за најуспешните по завршувањето на средното образование ја најави можноста за вработување во реномираната компанија ЕВН Македонија.