СЕТУГС „МИХАЈЛО ПУПИН“ Е ПРВОТО УЧИЛИШТЕ ШТО ПРОМОВИРА E – LEARNING

71213665_10157191927925642_4414884131524050944_n

    СЕТУГС „МИХАЈЛО ПУПИН“ е првото училиште во Р.С.Македонија што промовира E – LEARNING. Сите ученици од образовниот профил Електричар електромонтер за електроенергетски мрежи ќе добијат таблети на кои ќе ги имаат сите наставни програми и учебници, тестови и се што е потребно за напредна настава. Најнова светска технологија. Промовирањето на E- learning го направи Штефан Петер – претседателот на управниот одбор на ЕВН Македонија. Голема чест на презентацијата ни направи со своето присуство и министерот за образование и наука. На настанот беше присутна и делегација од 30 гости од ЕУ и земјите кандидати за членство во ЕУ. Директорот на СЕТУГС „Михајло Пупин“ имаше 10 минутна презентација пред присутните за тоа што направи училиштето за една година и кои се нашите идеи за во иднина. Одиме напред. СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН – чекор пред другите.