Најчисти и најбезбедни училишта за учебната 2015/2016 год.

05

На ден 14.10.2016 година во просториите на нашето училиште министерот за образование и наука г-дин Пиштар Лутфиу и амбасадорката на ОБСЕ   г-ѓа Нина Суомалаинен доделија признанија на  основните и средните училишта прогласени за најчисти и најбезбедни за учебната 2015/2016 година.

Од вкупно пријавени 15 училишта (10 основни и 5 средни училишта) со едногласна одлука на  Комисијата наградени се училишта:

- основни училишта

Прво место: „Тошо Велков-Пепето“Кавадарци

 Второ место: „Васил Главинов“Велес

 Трето место: „Рајко Жинзифов“ од село Долно ОризариВелес

- средни училишта

Прво место: „Михало Пупин“Скопје

 Второ место: „Владо Тасевски“Скопје

 Трето место: „Ацо Русковски“ - Берово

Министерот ги информираше присутните гости дека овој проект има голем успех, а клучна улога за успешносата на проектот имаат учениците и вработените во основните и средните училишта.

Амбасадорот Нина Суомалаинен, шеф на мисијата на ОБСЕ во Македонија потенцира дека сигурната и безбедна средина за сите ученици е основен предуслов за учењето.

Директорот Ефтим Пејовски  им се заблагодари на сите учесници во натпреварот, како и  на Министерството за образование и наука и ОБСЕ за соработката и успешната реализација на проектот.

На првонаградените училишта, Министерството за образование и наука ќе им додели смарт-табла, а останатите училишта ќе добијат пригодни награди од мисијата на ОБСЕ во Македонија.