Група наставници од Романија во посета на нашето училиште

Untitled

На ден: 31.10.2017 година во просториите на нашето училиште беше организиран прием на  наставници од Романија. Гостите преку видео презентација имаа можност да го проучат историјатот на училиштето, а потем се запознаа и со материјално-техничките услови кои ги нуди нашето училиште за реализација на воспитно-образовниот процес.На состанокот посетителите истакнаа дека се воодушевени од условите кои ги нуди училиштето и воедно изразија желба за продлабочување на соработката со цел да се разменат искуства и знаења кои ќе бидат поттик за креирање на квалитетна настава.