Куп „Михајло Пупин“ -по повод патрониот ден на училиштето-

IMG-c484b8ecaffbf72941ef2a0f86b801d3-V

На 09.10.2017 година на кејот на реката Вардар во Градскиот Парк се одржа традиционалнaта штафетна трка по повод Патрониот ден на нашето училиште СЕТУ на ГС „ Михајло Пупин“-Скопје.

На натпреварот учествуваа ученици од сите класови, кои беа поделени по години, а најбрзите учествуваа во финалната трка.

Во финалната трка беа постигнати следните резултати:

Освоено место

Клас

Време

1

IV – 2

1.42.95

2

III – 6

1.43.10

3

II – 2

1.46.10

4

I – 2

1.55.22

 

 

 

За победниците на натпреварот IV – 2 клас, предвидена е реализација на еднодневна  едукативна екскурзија со посета на спомен куќата на Михајло Пупин во Вевчани и градот Охрид.