Одбележан патрониот ден на училиштето

DSC_4451

 На ден 09.10.2018 во просториите на нашето училиште беше одржана свечена приредба по повод патронатот на училиштето.
По пригодниот говор за животот и делото на нашиот патрон Михајло Пупин, за учениците од сите години беше организиран турнир во Streetball,  а за најуспешните учесници пригодни награди доделија официјалните претставници на компанијата ЕВН Македонија. Прво место освоија учениците од IV-2 клас, второ место освоија  II-2 клас, а третото место им припадна на учениците од  IV- 6 клас. На овогодинешната манифестација, за прв пат, присусутвуваа и ученици од деветтите одделенија од основните училишта во општина Гази Баба. Учениците имаа можност подетално да се запознаат со материјално-техничките услови за учење и работа во нашето училиште.