Посета на Музеј на современа уметност

4

   Во рамките на модуларната настава по предметот македонски јазик и литература на 2 и 4 октомври учениците од нашето училиште имаа можност да го посетат Музејот на современа уметност.
Дел од нив за прв пат влегоа во музеј, некои за прв пат беа во овој дел од градот а сигурно е дека сите за прв пат погледаа изложба од италијански автори. Групата имаше можност да ја види и изложбата на хрватски сликар кој мултимедијално го искажал своето видување на човековиот живот и спомените што со себе ги носи. Посетата на двете изложби учениците ќе ги искористат во изработка на проект по предметот македонски јазик и литература,а во модуларната единица хуманизам и ренесанса во литературата и проект за интегрирани ЕКО стандарди.