СОРАБОТКАТА СО ЕВН МАКЕДОНИЈА НА ПОВИСОКО НИВО

DSC_4243

  И оваа учебна 2018/2019 година продолжува соработката со компанијата ЕВН Македонија. Имено, по успешното стартување на проектот „20-20-20“ за оваа учебна година предвидени се повеќе активности во насока на подобрување на условите за работа на учениците од ЕВН паралектата и стекнување на квалитени и трајни знаења кои ќе бидат применливи на пазарот на трудот.
Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Штефан Петер на 08.10.2018 година го посети нашето училиште и посочи дека учениците кои реализираат практична настава всушност извршуваат задачи кои бараат голем труд и одговорност и воедно ја најави новата иницијатива на компанијата за стимулирање и наградување на учениците преку доделување на соодветен паричен надомест. Тој појасни дека овој метод е преземен од австрискиот модел на дуално образование кој им овозможува на учениците од една страна во училиштето да добијат квалитетно образование, а од друга преку преку практицирање во компаниите да стекнат чувство за реалната работа што би требало да ја извршуваат во иднина по вработувањето.
Министерката за труд и социјална политика г-ѓа Мила Царовска ја поздрави успешната соработка и но вистинската примена на дуалното образование посочувајќи дека на овој начин преку образовниот процес во соработка со компании од бизнис секторот се создаваат реални услови за подготовка на млади луѓе но и директно вклучување во процесот на работа. Министерката посочи дека Министерството за труд и социјална политика на почетокот на годината има изработено оперативен план кој отвора можност за создавање на тренинг центри во компаниите или во средните училишта за обука и оспособување на квалитетен кадар.
На крајот, свое обраќање имаше и Директорот на нашето училиште Димитар Ѓорѓиев кој појасни дека овие иницијтиви произлегуваат како резултат на двегодишната интензивна соработка со компанијата ЕВН и изрази надеж дека и во наредните години соработката ќе биде продлабочена и збогатена со нови проекти. Тој додаде дека со помош на компаниите во престојниот период предвидено е доопремување на училниците и отворање на полигон во училишниот двор со цел да им се овозможат на учениците подобри услови и можности за реализирање на пректичната настава.