Tрето место на 39 Макинова 2018

2

Од 24-ти до 28-ми Октомври, во рамките на Технома саемот, во Скопје, се одржаа манифестациите „Макинова“ и „Еконова“ кои ги организира СПАТУМ – Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија, во соработка со Народна техника на Македонија. Саемот МАКИНОВА се одржува по 39 пат и се однесува на изложување на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско истражувачко и креативно творештво. Ученикот Андреј Трајанов учествуваше на Макинова со сопствен труд 3Д принтер, под менторство на професор Наташа Божиновска и го освои третото место. Честитки за учесниците!