Турнир во одбојка за наставниот кадар од училиштата и градинките од Општина Гази Баба

9759_10152442779185642_1027864616965092750_n
Во рамките на одбележувањето на годишнината од формирањето на Општина Гази Баба, на 30 октомври во училишната спортска сала во ОУ „Крум Тошев“ во Трубарево, се одржа Турнир во одбојка за наставниот кадар од училиштата и градинките од Општина Гази Баба.

Учествуваа 16 екипи составени од наставници, стручни соработници и екипа на општинската администрација.

Првото место го освои екипата од нашето училиште СЕТУГС “Михајло Пупин”, второто место го освои екипата на ОУ “Наум Наумовски Борче” и третото место и припадна на екипата на ОУ “Наум Охридски”.