ПОВТОРНО НАЈУСПЕШНИ НА ТУРНИРОТ ВО ОДБОЈКА

12190841_10153238895725642_1752948198780606672_n

По повод  годишнината од формирањето на Општина Гази Баба, на 02 ноември во ОУ „Крум Тошев“ – Трубарево, се одржа традиционалниот Турнир во одбојка за наставниот кадар од училиштата и градинките од општина Гази Баба. На турниорот учествуваа 12 екипи составени од наставници, професори и стручни соработници.

Втора година по ред, првото место го освои екипата од нашето училиште СЕТУ на ГС ,,Михајло Пупин”, второто место го освои екипата на ОУ ,,Наум Охридски”, а  третото место припадна на екипата на ОУ ,,Наум Наумовски Борче” .