3Д печатач за реализација на современа настава

Untitled2

        Во нашето училиште на ден: 10.11.2017 год. од страна на г-динот Светозар Колесар (претставник на 3Д, Р Србија)  беше одржана прес конференција, како и кратка обука (за професори и ученици) за правилна употреба на 3Д печатачот – Ultimaker 2+. Печатачот е добиен како награда на образовниот предизвик поставен од Ultimaker (Ultimaker education challenge). Од страна на меѓународно жири во рамките на „BETT 2017” (саем на Европско ниво за примена на иновативни технологии во наставата), нашите ученици се претставија со трудот: „Drink mixer 9001”, и беа меѓу победничките тимови кои имаа изработено најдобар план за настава и идеја за примена на 3Д печатачот.

Како последица на овој голем успех на учениците, во нашето училиште произлезе идеја за реализација на нов проект со сродни училишта од регионот. Имено,  во претстојниот период  со електротехничките училишта „Михајло Пупин“ – Нови Сад, Р Србија и „Руѓер Бошковиќ“ – Винковци, Р Хрватска ќе се реализира проектот со работен наслов: „3Д печатач во функција на наставниот процес“. Целта на овој проект е преку размена на лични искуства, знаења и вештини да се овозможи широка употреба на 3Д печатачот во настава,  односно да се креира и реализира модерна и иновативна наставата  која ќе побуди интерес  кај  учениците.

http://faktor.mk/nemame-pari-kako-evropa-no-imame-talentirana-mladina–zelna-za-znaenje