Првонаградени на маифестацијата „ЛИДЕР 2016“

DSC_0136

На ден: 09.12.2016 година во СОTУ „Ѓорѓи Наумов“ - Битола се одржа вториот по ред  натпревар  „ЛИДЕР“ – избор на најдобар ученик по струка од завршните години во стручното образование во Република Македонија. Се натпреваруваа ученици од областа на електротехниката, машинството и сообраќајот. 

      На натпреварот нашето училиште СЕТУ на ГС„Михајло Пупин“- Скопје го претставуваа следниве ученици:

     Од образовниот профил  електротехничар за компјутерска техника и автоматика  ученикот Дамјан Хаџибанов под менторство на  професорите Поликсена Митева и Даниела Сандева го освои првото место, „ЛИДЕР“ за електротехничката струка.

    Од образовниот профил електротехничар за електроника и телекомуникации ученикот Димитар Трајковски под менторство на професорите Татјана Маленко и Василко Радевски го освои второто место.

    Од образовниот профил  електротехничар енергетичар ученикот Раиф Оручоски, под  менторство на професорите Лидија Буровска и Тимко Стојанов го освои второто место.

На учениците им честитаме за постигнатиот успех!