Наградени на „Лидер 2017 година“

IMG-d3d88a98fcc7319d4d177dabbc4743cc-V

На ден: 07.12.2017 година во СОУ „Никола Карев“ – Стумица се одржа третиот по ред натпревар „ЛИДЕР“ – избор на најдобар ученик по струка од завршните години во стручното образование во Република Македонија. На натпреварот учествуваа ученици од областа на електротехниката, машинството и сообраќајот.

Нашето училиште го претставуваа учениците:
Од образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика ученикот Кире Петковски под менторство на професорката Анѓелка Андрески освои второ место.
Од образовниот профил електротехничар за електроника и телекомуникации ученикот Христијан Стојановски под менторство на професорот Петар Вучев освои трето место.
Од образовниот профил електротехничар енергетичар ученикот Петре Стефанов под менторство на професорот Ивица Шпољариќ го освои второто место.

На учениците им честитаме за постигнатиот успех!