Свечено отворена новата училница по практична настава наменета за потребите на ЕВН паралелката

2

Во нашето училиште на ден: 19.12.2017 година во присуство на министерката за образование и наука г-ѓа Рената Дескоска и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија г-дин Штефан Петер свечено беше отворена новата училница каде учениците од ЕВН паралелката ќе имаат можност да се стекнат со квалитетни практични знаења и вештини кои ќе бидат употребливи на пазарот на трудот.

       Директорот Ефтим Пејовски истакна дека со реализацијата на проектот „20-20-20“ всушност се отвора патот за креирање на образовен систем којшто пред с`е треба да мотивира, селектира и на крај да генерира квалитетен и стручен кадар. Воедно директорот им се заблогодари на сите учесници кои со својот ентузијазам придонесоа во подготовката и  реализацијата на овој значаен проект.

        Министерката Рената Дескоска ја посочи важноста од имплементирањето на ваквите проекти кои пред с`е ќе придонесат за поквалитетна практична настава во стручните училиштата, а исто така по школувањето ќе овозможат загарантирано вработување во реномирани и перспективни компании.

     На крајот од настанот свое обраќање имаше и претседателот на Управниот одбор на ЕВН  Штефан Петер кој ја посочи важноста од креирање на професионални кадри кои ќе бидат способни да одговорат на сите предизвици во нивната компанија.

   По свеченото обраќање гостите имаа можност да се запознаат со материјано-техничките услови со кои располага нашето училиште.

www.mrt.com.mk

sitel.com.mk/uchilnica-za-specijalna-evn-paralelka-vo-srednoto-uchilishte-mihajlo-pupin