Започна реализацијата на проектот со средните училишта „Михајло Пупин“ Р Србија и „Руѓер Бошковиќ“ Р Хрватска

1

Во периодот: 10.12.2017 -16.12.2017 година започна реализацијата на првиот дел од новиот проект со средните училишта „Михајло Пупин“ – Нови Сад, Р Србија и „Руѓер Бошковиќ“ – Винковци, Р Хрватска.
Група од 9 ученици и 3 професори-ментори заедно со група од 15 ученици од нашето училиште учествуваа во проектот: „3Д печатач во функција на наставниот процес“. Имено, проф. Данијел Поби (од средното училиште „Руѓер Бошковиќ“) одржа предавање наменето за учениците со цел да им го пренесе своето искуство, знаење како и практична примена на 3Д печатачот во воспитно-образовниот процес. Покрај наставата за учесниците во проектот беше организирана посета и запознавање со позначајните знаменитости на градот Скопје, спомен куќата на Михајло Пупин во Вевчани и посета на градовите Охрид и Крушево. Во престојниот период предвидени се уште неколку активности кои ќе се реализираат во училиштата од Нови Сад и Винковци.