Лидер на струката 2018

47478097_356695695080928_970340125571547136_n

    На ден 03.12.2018 година во ОСТУ „Наце Буѓони“-Куманово се одржа петтиот по ред натпревар „ЛИДЕР“ – избор на најдобар ученик по струка од завршните години во стручното образование во Република Македонија.

Се натпреваруваа ученици од областа на електротехниката, машинството и сообраќајот.
На натпреварот нашето училиште СЕТУ на ГС„Михајло Пупин“- Скопје го претставуваа следниве ученици:
Од образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика ученикот Никола Индовски под менторство на професорите Поликсена Митева и Софија Темкова го освои првото место, „ЛИДЕР“ за електротехничката струка.
Од образовниот профил електротехничар за електроника и телекомуникации ученикот Дејан Иванов под менторство на професорите Татјана Маленко и Петар Вучев го освои четвртото место.
Од образовниот профил електротехничар енергетичар ученикот Марко Илиевски под менторство на професорите Лидија Буровска и Тимко Стојанов го освои четвртото место.
На учениците им честитаме за постигнатиот успех!