Први во категоријата филм

IMG_4789

    И оваа година нашите ученици учествуваа на конкурсот од програмата Млади репортери за животна средина кој беше на тема „ Мисија воздух“, а во организација на ОХО.

             Мартин Тричковски, Метин Ферати и Берат Ахметај со своето видео го освоија првото место во категоријата филм. На 30.11.2018 во Publik Room,  пред соученици од училишта кои учествуваа на конкурсот, секој од нив ја раскажа својата улога во креирање на краткиот филм. Како првонаграден филмот ќе учествува на интернационалниот конкурс.

           Им посакуваме успех на овие млади ентузијасти екологисти и докажани креатори на кратки филмови.

           Уживајте 3 минути во нивната креација.

           https://youtu.be/NNMFtYiw2WE