Известување за пријавените ученици за проектот „Европски компетенции“

Почитувани ученици кои аплициравте за проектот „Европски компетенции“ во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ве известуваме дека пријавувањето заврши и Вашите апликации се разгледуваат. Воедно Ве известуваме дека согласно препораките на главните координатори на проектот, истиот е наменет за ученици од III година. Бидејќи има доволно пријавени ученици од III година, првично тие ќе се земат во предвид , а доколку нема доволно кандидати кои ги исполнуваат критериумите , ќе се  разгледуваат апликациите и на учениците од II година.
Сите пријавени ученици од III година дополнително ќе бидат повикани на интервју и тестирање.

На пријавените ученици од II и IV година им благодариме за интересот.