Повик за учество во проект – Европски компетенции

Почитувани ученици,
Ни претставува посебно задоволство да Ве известиме дека во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, нашето училиште,под координација на Институтот за развој на заедницата – ИРЗ Тетово, во партнерство со училиштата:СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка, ССОУ Моша Пијаде Тетово, ОСТУ “Наце Буѓони” Куманово и СУГС Владо Тасевски Скопје, го добивме проектот European competencies – Европски компетенции.
За таа цел од нашето училиште се потребни 5 ученици за учество во проектот кои ќе патуваат и ќе реализираат практична работа во Португалија во Јуни 2021 година. Учениците кои ќе бидат вклучени во проектот ќе развијат различни вештини вклучувајќи: професионални вештини, социјални и мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања и други вештини и придобивки.
За да се пријавите за учество во проектот, потребно е да доставите CV и мотивационо писмо до следната емаил адреса: mpskontakt@yahoo.com.
Критериум за избор:
• Ученикот треба да биде мотивиран за работа и дружење
• Ученикот треба да може да патува во странство
• Ученикот да има позитивна препорака од класен раководител
• Да има познавање на англиски јазик (можно е тестирање)
• Бројот на машки и женски ученици да биде еднаков
• Во избраните ученици ќе има ист број на ученици со високи постигнувања и ученици со слаб успех
• Во избраните ученици ќе има баланс помеѓу ученици кои доаѓаат од урбани и рурални средини.

По првата направена селекција согласно критриумите ќе биде спроведено и интервју.
Рокот за доставување на потребните документи е од 01.12.2020 година до 15.12.2020 година.

СЕТУГС Михајло Пупин – Скопје
Координатор -  Анѓелка Андрески

Повик за проект