Дневна архива: 24 април 2013

Денови на електротехника 2013

Започнаа подготовките за манифестацијата “ДЕНОВИ НА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА 2013″ која годинава ќе се одржи традиционално по втор пат.

Пријави се и покажи што знаеш!

Наши познати и успешни фаци

Изминативе денови, нашето училиште беше горд домаќин на своите поранешни ученици кои веќе изградиле успешна кариера.

Своите искуства со учениците ги споделија Ранко Петровиќ – Бубамара (сопственик на радио, организатор на манифестацијата Крушево – Етно град, организатор на Златна Бубамара на популарноста) и Марјан Прповски (директор на ТАВ аеродром – Скопје). Тие низ своите усни презентации им покажаа на учениците колку вредни луѓе излегле од нашите училишни клупи.