Месечна архива: мај 2015

Победници на ДЕНОВИ НА ЕЛЕКТРОТЕХНИКАТА 2015

DSC07040

По одржаниот квиз натпревар, на 22 мај 2015 година заврши манифестацијата „ ДЕНОВИ НА ЕЛЕКТРОТЕХНИКАТА“ –  2015 .

Првото место, по трет пат,  го освои екипата од училиштето ОУ„Димо Хаџи Димов“ од општина Карпош, второто место отиде во рацете на екипата од  ОУ„Војдан Чернодрински“ од општина Карпош и третото место им припадна на учениците од ОУ„Љубен Лапе“ од Аеродром.

AКТИВНОСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ…

козјак3

         Според предвидените активниости за манифестацијата ,,ДЕНОВИ НА ЕЛЕКТРОТЕХНИКАТА” на ден: 21.05.2015 година за учесниците на натпреварот по физика и нивните ментори беше организирана еднодневна екскурзија со посета на ХЕЦ ,,Козјак”-Скопје. Учениците од основните училишта на Град Скопје имаа можност преку презентација на стручните лица вреботени во  ХЕЦ ,,Козјак” да стекнат нови знаења за принципот на работа на хидроцентралата.

Резултати од тестот по физика

РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТОТ ПО ФИЗИКА ВО РАМКИТЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА  ”ДЕНОВИ НА ЕЛЕКТРОТЕХНИКАТА 2015″ 

УЧИЛИШТА КОИ ИМААТ НАЈГОЛЕМ БРОЈ ОСВОЕНИ БОДОВИ ОД ТЕСТОТ ПО ФИЗИКА ВО РАМКИТЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА  ”ДЕНОВИ НА ЕЛЕКТРОТЕХНИКАТА 2015″  и се стекнуваат со право да се натпреваруваат во квизот на знаење кој ќе се одржи во петок со почеток во 11:30 часот.

Отворена четвртата по ред манифестацијa ,,ДЕНОВИ НА ЕЛЕКТРОТЕХНИКАТА”

denovi5

 

         На ден: 20.05.2015 год. нашето училиште започна со реализација на  манифестацијата  ,,ДЕНОВИ НА ЕЛЕКТРОТЕХНИКАТА2015 година.

Група ученици на обука во Словенија

Група ученици од СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје во рамките на проектот Erasmus + беа на двонеделна обука за PIC микроконтролери и PLC управувачи во Школски Центар Крањ Словенија

Енергетска ефикасност на објекти

20150515_103959

На 15.05.2015 година во нашето училиште СЕТУГС„Михајло Пупин“-Скопје во рамки на Проектот на УСАИД  и Хабитат Македонија  за енергетска ефикасност за секторот домување, се реализараше втората по ред  обука на наставниците за успешно реализирање на наставата по наставниот предмет „Енергетска ефикасност на објекти“ ,

IV ДЕНОВИ НА ЕЛЕКТРОТЕХНИКАТА

Од 20 до 22 мај 2015 година, во СЕТУГС “Михајло Пупин” – Скопје , по четврти пат ќе се одржи манифестацијата “Денови на електротехниката”, посветена  на младите вљубеници во природните науки.

Покровител на овој настан е компанијата EVN, а спонзор е компанијата Arcelor Mittal.

На манифестацијата учество земаат ученици од деветто одделение од основните училишта на територијата на Град Скопје и нивните ментори – наставници по физика.

XXXIV државeн натпревар на електротехничките, машинските и сообраќајните Средни училишта на Република Македонија

XXXIV Државен натпревар на учениците од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта се одржа на 8.мај 2014 во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ – Прилеп. Од нашето училиште се натпреваруваа пет ученици, по еден од сите образовни профили и еден ученик со научен труд. Учениците ги покажаа следните резултати: