Месечна архива: август 2017

Електротехниката низ процесот на активната настава

20170829_181049

На ден: 29.08.2017 година во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии започна со реализација тродневна обука за нашите професори. Водени од идејата за креирање на современа настава која ќе овозможи стекнување на квалитетни знаења и вештини, од оваа учебна 2017 / 2018 година започнува со работа новата училишна Лабораторија по Електротехника.

Доделени дипломите на учениците од завршните години и плакети за најуспешните

20170816_132359

На ден: 16.08.2017 година класните раководители на учениците од завршните години им ги доделија Дипломите за завршено средно образование. Директорот  на училиштето  Ефтим Пејовски и помошник- директорот Ленче Спасовска на првенците на генерација и на образовни профили им доделија плакети за постигнатите успеси.

Професорите го посетија музејот лоциран во ХЕЦ Матка

image-0-02-04-5ecc950d27e776bfe4e383ca7ef0caae172efb81e8a95d3bc087dc6ac8c983de-V

На ден 16.08.2017 година професорите од нашето училиште беа на еднодневна научно-едукативна екскурзија и го посетија изложбениот центар сместен во автентичен и оригинален простор, на местото на старата Хидроцентрала „Матка“.