Месечна архива: јануари 2018

Техничката секција успешно одговори на барањата

IMG_20171108_120242

       Во текот на првото полугодие од учебната 2017/2018 година Техничката секција, во која членуваат ученици од сите четири години и сите образовни профили, успешно одговори на барањата за одржување на компјутерската опрема во училиштето. Учениците од Техничката секција поправија 130 монитори, 60 mouse-и, 10 тастатури и 30 компјутери.

Обука за ОТО роботи во Школски центар Крањ

IMG_20180115_083723

               Благодарение на успешната соработка помеѓу СЕТУГС „Михајло Пупин“ и Школскиот центар Крањ, група ученици од втора година  од нашето училиште од 13.01.2018година до 21.01.2018 заминаа на обука за ОТО роботи во Р.Словенија.