Месечна архива: декември 2020

Известување за пријавените ученици за проектот „Европски компетенции“

Почитувани ученици кои аплициравте за проектот „Европски компетенции“ во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ве известуваме дека пријавувањето заврши и Вашите апликации се разгледуваат.

КОМИСИИ И ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОНРЕДНИ ИСПИТИ-ДЕКЕМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА (УЧЕБНА 2020 / 2021 ГОДИНА)

КОМИСИИ И ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОНРЕДНИ ИСПИТИ – ДЕКЕМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА (УЧЕБНА 2020 / 2021 ГОДИНА)

Благодарност од учениците од IV-2

И учениците од IV-2 клас од нашето училиште на креативен начин ја изразија својата благодарност до професорите кои им предавале овие 4 години.
Тие изработија веб страна на која можете да ги погледнете нивните пораки за благодарност со клик на името на професорот.

Наша цел е  да ви пренесеме знаење и да бидете успешни.  Ни значи што го препознавате тоа, сме допреле до вас.
Ви посакуваме многу среќа на сите!

Повик за учество во проект – Европски компетенции

Почитувани ученици,
Ни претставува посебно задоволство да Ве известиме дека во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, нашето училиште,под координација на Институтот за развој на заедницата – ИРЗ Тетово, во партнерство со училиштата:СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка, ССОУ Моша Пијаде Тетово, ОСТУ “Наце Буѓони” Куманово и СУГС Владо Тасевски Скопје, го добивме проектот European competencies – Европски компетенции.
За таа цел од нашето училиште се потребни 5 ученици за учество во проектот кои ќе патуваат и ќе реализираат практична работа во Португалија во Јуни 2021 година. Учениците кои ќе бидат вклучени во проектот ќе развијат различни вештини вклучувајќи: професионални вештини, социјални и мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања и други вештини и придобивки.
За да се пријавите за учество во проектот, потребно е да доставите CV и мотивационо писмо до следната емаил адреса: mpskontakt@yahoo.com.

Видео за благодарност од учениците од IV-5

Учениците од IV-5  клас од нашето училиште СЕТУГС „Михајло Пупин“ , на креативен начин со емотивно видео ја изразија својата благодарност кон професорите кои им предаваат. Линк до видето на нашиот Youtube канал.

Браво дечки, се гордееме што сте наши ученици!