Категорија: Активности

Први во категоријата филм

IMG_4789

    И оваа година нашите ученици учествуваа на конкурсот од програмата Млади репортери за животна средина кој беше на тема „ Мисија воздух“, а во организација на ОХО.

             Мартин Тричковски, Метин Ферати и Берат Ахметај со своето видео го освоија првото место во категоријата филм. На 30.11.2018 во Publik Room,  пред соученици од училишта кои учествуваа на конкурсот, секој од нив ја раскажа својата улога во креирање на краткиот филм. Како првонаграден филмот ќе учествува на интернационалниот конкурс.

           Им посакуваме успех на овие млади ентузијасти екологисти и докажани креатори на кратки филмови.

           Уживајте 3 минути во нивната креација.

           https://youtu.be/NNMFtYiw2WE

Лидер на струката 2018

47478097_356695695080928_970340125571547136_n

    На ден 03.12.2018 година во ОСТУ „Наце Буѓони“-Куманово се одржа петтиот по ред натпревар „ЛИДЕР“ – избор на најдобар ученик по струка од завршните години во стручното образование во Република Македонија.

Есенска крводарителска акција

IMG_20181115_103043

   На ден: 15.11.2018 година во просториите на нашето училиште се спроведе есенската крводарителска акција предвидена за учебната 2018 / 2019 година во организација на Црвен Крст – општинска организација Гази Баба.

Благодарница од Црвен крст на Република Македонија

IMG_5775

   Црвен крст на Република Македонија додели пофалница на СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје како институција со постигнати најдобри резултати на полето на крводарителството. Хуманоста пред се!

Првонаградени на општински натпревар

2_1542185174268

На 34-тиот општински противпожарен квиз-натпревар кој се одржа на 07.11.2018 година во просториите на ООУ „Крум Тошев“ општина Гази Баба, екипата од СЕТУГС „Михајло Пупин“ го свои првото место.

Tрето место на 39 Макинова 2018

2

Од 24-ти до 28-ми Октомври, во рамките на Технома саемот, во Скопје, се одржаа манифестациите „Макинова“ и „Еконова“ кои ги организира СПАТУМ – Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија, во соработка со Народна техника на Македонија.

Проект CORELA – ERASMUS + 2018-2020 година

DSC_5268

  Започна проектот чиj носител е нашето училиште СЕТУ на Град Скопје “Михајло Пупин”- Скопје,заедно со нашите партнери Школски центар Крањ – Словенија, Универзитетот во Марибор ( Словенија ), Техничкото училиште Руџер Бошковиќ – Винковци ( Хрватска ) и ДТК Смарт- тек – Скопје.

Октомвриска испитна сесија

КОМИСИИ И ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОНРЕДНИ ИСПИТИ
ОКТОМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА (УЧЕБНА 2018 / 2019 ГОДИНА)

Одбележан патрониот ден на училиштето

DSC_4451

 На ден 09.10.2018 во просториите на нашето училиште беше одржана свечена приредба по повод патронатот на училиштето.

СОРАБОТКАТА СО ЕВН МАКЕДОНИЈА НА ПОВИСОКО НИВО

DSC_4243

  И оваа учебна 2018/2019 година продолжува соработката со компанијата ЕВН Македонија. Имено, по успешното стартување на проектот „20-20-20“ за оваа учебна година предвидени се повеќе активности во насока на подобрување на условите за работа на учениците од ЕВН паралектата и стекнување на квалитени и трајни знаења кои ќе бидат применливи на пазарот на трудот.

Посета на Музеј на современа уметност

4

   Во рамките на модуларната настава по предметот македонски јазик и литература на 2 и 4 октомври учениците од нашето училиште имаа можност да го посетат Музејот на современа уметност.

Соработка со Црвен крст ОО Гази Баба

2

   На 27.09.2018 во просториите на Домот на културата- населба Автокоманда, во оранизација на  Црвен крст ОО Гази Баба се одржа мотивациски настан на тема: „Приказна за хероите од мојот град“, со цел да се промовира и подигне јавната свест за значењето на општесвениот активизам, вредностите како и потребите и начините за подобрување на општеството.

Започна новата учебна 2018/2019 година

IMG-681fa4c90612e2dfe8014e2f58db61e2-V

   На првиот училишен ден пред учениците од прва година, родителите и гостите од Град Скопје, општина Гази Баба и бизнис секторот, пригодно обраќање имаа директорот на училиштето Димитар Ѓорѓиев и претседателот на управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер.

AВГУСТОВСКА ИСПИТНА СЕСИЈА (УЧЕБНА 2017 / 2018 ГОДИНА)

КОМИСИИ И ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОНРЕДНИ ИСПИТИ-AВГУСТОВСКА ИСПИТНА СЕСИЈА (УЧЕБНА 2017 / 2018 ГОДИНА)

СЕТУГС „Михајло Пупин“ гостува на телевизија Сител -емисија „Ја сакам Македонија“

Ја сакам Македонија-СЕТУГС Михајло Пупин

Благодарници и награди за постигнати високи резултати на регионалните натпревари од електротехничката струка

1

   Градоначалникот на Град Скопје, господинот Петре Шилегов им врачи благодарници и награди на учениците од СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје, Никола Индовски и Давид Тираноски за постигнатите високи резултати на регионалните натпревари од електротехничката струка, како и благодарници на нивните ментори кои ги подготвуваа – Ивица Шпољариќ и Софија Темкова.

ОГЛАС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО I ГОДИНА ВО УЧЕБНА 2018- 2019 ГОДИНА – II ПРИЈАВУВАЊЕ

ОГЛАС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО I ГОДИНА ВО УЧЕБНА 2018- 2019 ГОДИНА – II ПРИЈАВУВАЊЕ

Јунска испитна сесија

КОМИСИИ И ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОНРЕДНИ ИСПИТИ – JУНСКА ИСПИТНА СЕСИЈА (УЧЕБНА 2017 / 2018 ГОДИНА)

Уште еден успех на учениците од СЕТУГС „Михајло Пупин“

1

   Во Владата на Република Македонија се одржа настан во организација на Фондот за технолошки развој и иновации посветен на прогласување на најуспешните 20 училишта од Предизвикот за млади истражувачи.

Пофалница за нашето училиште

1

    За учество во училишните спортски лиги во организација на градот, за учебната 2017/2018 година, градоначалникот на Град Скопје, господинот Петре Шилегов  на нашето училиште му додели пофалница.

Подготовки за новата учебна 2018 / 2019 година

3

     Во просториите на нашето училиште на 07.06.2018 година се одржа состанок со претставниците на компаниите: Арцелор Митал, Ван Хол, Раде Кончар, Макстил, Цементарница Усје, Виталиа, при што имаа можност да се запознаат со предвидените активности на училиштето за престојниот упис на ученици во прва година за учебната 2018/2019 година.

Матурска парада 2018 година

IMG-c815f3b828d56c51aeae4c5cfdb48d4a-V

ОГЛАС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО I ГОДИНА ВО УЧЕБНА 2018- 2019 ГОДИНА

ОГЛАС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО I ГОДИНА ВО УЧЕБНА 2018- 2019 ГОДИНА

Ученици на обука во средното училиште „Руѓер Бошковиќ“-Винковци, Р Хрватска

thumbnail (5)

    Во рамки на програмата за соработка помеѓу СЕТУГС „Михајло Пупин“ Скопје и техничкото училиште „Руѓер Бошковиќ“ од Винковци, Република Хрватска – Мобилност за учење преку пракса, во периодот од 22 до 28.04.2018 година се реализираше обука со наслов: „Програмирање на индустриска роботска рака“ во Техничката школа „Руѓер Бошковиќ“.

Солиден резултат на државниот натпревар по физика

IMG-3c6b2796ea6830dbe69f0890babc3959-V

    На ден 28.04.2018 година, во училиштето СОУ „7 Марси“ во Тетово се оджа 61 Државен натпревар по физика.

Првонаградени на натпревар за прва помош

1

     На ден: 05.05.2018 година во организација на Црвен крст, општинска организација Гази Баба се одржа 41-от општински натпревар за прва помош.

Успешен настап на државниот натпревар за средни стручни училишта

Capture

     На ден: 04.05.2018 година во просториите на АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје, се одржа XXXVII – те Државен натпревар на учениците од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта на Р. Македонија.

Наградени на натпреварите по Spelling Bee

3

   На 07. 03.2018 година  за првпат во нашето училиште во организација на секцијата по англиски јазик со одржа натпревар по Spelling Bee (брзо спелување на зборови).

Посета на компанијата АРЦЕЛОР МИТАЛ

All-focus

      Во рамките на планираните активности за реализација на наставната програма ПОДГОТОВКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И РАБОТА нашите ученици од трета година ја посетија компанијата АРЦЕЛОР МИТТАЛ.

Потпишан Меморандум за соработка со шест компании од бизнис секторот

11

    По минатогодишната успешна соработка со компанијата ЕВН Македонија и стартувањето на проектот „20-20-20“ и оваа учебна 2017/2018 година продолжува соработката со реномирани домашни и странски компании.

Meѓу наградените на Образовното рандеву 2018

10

   На овогодинешната манифестација МАССУМ (Младинска асоцијација на средните стручни училишта во Македонија) која се одржа на ден 20.04.2018 година во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје нашето училиште учествуваше во неколку категории и тоа: веб страница, видео реклама, штанд, маркетинг план, соло извeдувач, видео реклама, филм, фотографија, поетска творба, кошарка.

Состанок со родители и запознавање со претстојните проекти

2

   На ден: 19.04.2018 година Директорот на нашето училиште имаше информативна средба со родителите, како и со учениците и менторите кои во престојниот период ќе бидат дел од еднонеделна обука на тема: програмирање на индустриска роботска рака во Р. Хрватска.

Креирање на нови наставни планови и програми за II година

IMG-c6926faf687718f6d43fbdaa3ce34e58-V

    На ден: 18.04.2018 работни групи од нашето училиште, компанијата ЕВН Македонија и ЦСОО (Центарот за стручно образование и обука) одржаа состанок на тема: креирање на нови наставни планови и програми за II година (образовен профил електричар-електромонтер на електроенергетски мрежи).

АПРИЛСКА ИСПИТНА СЕСИЈА (УЧЕБНА 2017 / 2018 ГОДИНА)

КОМИСИИ И ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОНРЕДНИ И ДИФЕРЕНЦИЈАЛНИ ИСПИТИ АПРИЛСКА ИСПИТНА СЕСИЈА (УЧЕБНА 2017 2018 ГОДИНА)

Регионален натпревар за средните стручни училишта

10

     Во просториите на нашето училиште на 30.03.2018 година се одржа регионален натпревар за ученици од електротехничките училишта од образовниот профил електроинсталатер и монтер.

Хуманитарна акција за дарување на крв

4

   На ден: 28.03.2018 година во просториите на нашето училиште се спроведе втората крводарителска акција предвидена за учебната 2017 / 2018 година во организација на  Црвенот Крст – општина Гази Баба.

Резултати од натпреварите по специфични вештини за учебната 2017 / 2018 год.

5

     Традиционално четврта година по ред на: 23.03.2018 година во просториите на нашето училиште се одржаа натпревари по специфични вештини: решавање на Судоку и местење на Рубикова коцка. На натпреварите, покрај учениците од нашето училиште, учествуваа и ученици од основните училишта на Град Скопје.

Традиционална еколошка акција – собирање на стара хартија

8

   И оваа учебна 2017 / 2018 година традиционално првиот пролетен ден 21.03.3018 година беше симболично одбележан  со реализација  на еколошка акција за собирање на стара хартија. Во акцијата се вклучија ученици од сите години, давајќи свој личен придонес  во подигнувањето на свеста и потребата за секојдневна заштита на  животната средина. Најдобар доказ за високото ниво на еколошка свест кај учениците е големото количество на  соберена стара хартија  3283 кг односно 6,3 кг по ученик.

Продолжува соработката со компании од бизнис секторот

1

     Во просториите на нашето училиште на ден: 20.03.2018 година се одржа состанок со одговорните лица на неколку домашни компании.

Март – Месец на натпревари по специфични вештини

        На ден: 23.03.2018 година во просториите на нашето училиште ќе се одржат традиционалните натпревари по специфични вештини. За подетални информации за натпреварите отворте го прозорецот секции / специфични вештини.

СЕТУГС „Михајло Пупин“ на Голем одмор

IMG_20180212_110552

    Тимот на ученици и професори од СЕТУГС „Михајло Пупин“, кои беа во Школскиот центар Крањ во Р.Словенија, на обука за ОТТО роботи,  гостува во емисијата Голем одмор на МТВ. Презентирани беа изработените роботи, како и впечатоците и плановите за во иднина.

Голем Одмор-СЕТУГС „Михајло Пупин“ Скопје

КОМИСИИ И ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОНРЕДНИ ИСПИТИ – ФЕВРУАРСКА ИСПИТНА СЕСИЈА (УЧЕБНА 2017 / 2018 ГОДИНА)

КОМИСИИ И ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОНРЕДНИ ИСПИТИ – ФЕВРУАРСКА ИСПИТНА СЕСИЈА (УЧЕБНА 2017 / 2018 ГОДИНА)

Проект „Предизвик за младите истражувачи“

1

         На ден: 25.01.2018 година, во просториите на нашето училиште, претставници од Фондот за иновации и технолошки развој одржаа куса презентација на наставници од основните и средните училишта од Република Македонија. На презентацијата, учесниците имаа можност да се запознаат  со  условите за учество во  проектот „Предизвик за младите истражувачи“.

Техничката секција успешно одговори на барањата

IMG_20171108_120242

       Во текот на првото полугодие од учебната 2017/2018 година Техничката секција, во која членуваат ученици од сите четири години и сите образовни профили, успешно одговори на барањата за одржување на компјутерската опрема во училиштето. Учениците од Техничката секција поправија 130 монитори, 60 mouse-и, 10 тастатури и 30 компјутери.

Обука за ОТО роботи во Школски центар Крањ

IMG_20180115_083723

               Благодарение на успешната соработка помеѓу СЕТУГС „Михајло Пупин“ и Школскиот центар Крањ, група ученици од втора година  од нашето училиште од 13.01.2018година до 21.01.2018 заминаа на обука за ОТО роботи во Р.Словенија.

Свечено отворена новата училница по практична настава наменета за потребите на ЕВН паралелката

2

Во нашето училиште на ден: 19.12.2017 година во присуство на министерката за образование и наука г-ѓа Рената Дескоска и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија г-дин Штефан Петер свечено беше отворена новата училница каде учениците од ЕВН паралелката ќе имаат можност да се стекнат со квалитетни практични знаења и вештини кои ќе бидат употребливи на пазарот на трудот.

Започна реализацијата на проектот со средните училишта „Михајло Пупин“ Р Србија и „Руѓер Бошковиќ“ Р Хрватска

1

Во периодот: 10.12.2017 -16.12.2017 година започна реализацијата на првиот дел од новиот проект со средните училишта „Михајло Пупин“ – Нови Сад, Р Србија и „Руѓер Бошковиќ“ – Винковци, Р Хрватска.

ДЕКЕМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА

КОМИСИИ И ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОНРЕДНИ И ДИФЕРЕНЦИЈАЛНИ ИСПИТИ, ДЕКЕМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА _УЧЕБНА 2017 2018 ГОДИНА_

Наградени на „Лидер 2017 година“

IMG-d3d88a98fcc7319d4d177dabbc4743cc-V

На ден: 07.12.2017 година во СОУ „Никола Карев“ – Стумица се одржа третиот по ред натпревар „ЛИДЕР“ – избор на најдобар ученик по струка од завршните години во стручното образование во Република Македонија. На натпреварот учествуваа ученици од областа на електротехниката, машинството и сообраќајот.

3Д печатач за реализација на современа настава

Untitled2

        Во нашето училиште на ден: 10.11.2017 год. од страна на г-динот Светозар Колесар (претставник на 3Д, Р Србија)  беше одржана прес конференција, како и кратка обука (за професори и ученици) за правилна употреба на 3Д печатачот – Ultimaker 2+.

Eсенска хуманитарна акција

2

  Традиционално, како и секоја учебна година, на ден 16.11.2017 год. нашето училиште активно се вклучи во акцијата на  Црвенот Крст (општинска организација Гази Баба) за дарување на крв.

Традиционално наградени на противпожарниот квиз

1

На 33-от противпожарен квиз натпревар што се одржа во ООУ „Крум Тошев“-Гази Баба учениците Дејан Ристовски, Анастасија Спасовска, Филип Ѓошевски и Себастијан Кузманов од II-4 клас под менторство на проф. Драган Илиевски го освоија третото место.

На учениците им честитаме за постигнатиот успех.

Интервју за емисијата на влашки јазик

Интервју за реформите во образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика, EVN паралелката, проектите на училиштето и дел од работата на техничката секција.

Линк до интервјуто на youtube

Група наставници од Романија во посета на нашето училиште

Untitled

На ден: 31.10.2017 година во просториите на нашето училиште беше организиран прием на  наставници од Романија.

ОКТОМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА (УЧЕБНА 2017 / 2018 ГОДИНА)

КОМИСИИ И ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОНРЕДНИ И ДИФЕРЕНЦИЈАЛНИ ИСПИТИ(УЧЕБНА 2017 2018 ГОДИНА)

Куп „Михајло Пупин“ -по повод патрониот ден на училиштето-

IMG-c484b8ecaffbf72941ef2a0f86b801d3-V

На 09.10.2017 година на кејот на реката Вардар во Градскиот Парк се одржа традиционалнaта штафетна трка по повод Патрониот ден на нашето училиште СЕТУ на ГС „ Михајло Пупин“-Скопје.

Продолжува соработката со средните стручни училишта од Србија и Хрватска

1

          По минатогодишната успешна  соработка  со средните стручни училишта од Србија и Хрватска и оваа учебна година ќе се реализира нов училишен проект со работен наслов „Размена на позитивни педагошки практики во делот на електротехничката струка“.

Запознавање со струката преку едукативна екскурзија

image-0-02-05-5ca8a956ef7cfa726e70766747f669fcd10b1bd90e8f6c47f17a9e1ec1950112-V

      На 05.09.2017 година за учениците од I и II година беше организирана едукативна екскурзија со посета на изложбениот центар лоциран во ХЕЦ „Матка“ – Скопје.

Започна новата учебна 2017 / 2018 година

20170904_074958

     На 04.09.2017 година во 7:30 часот во нашето училиште започна новата  учебна 2017 / 2018 година. За учениците од I година беше организиран прием во малата училишна сала со пригодно обраќање на директорот Ефтим Пејовски.

Електротехниката низ процесот на активната настава

20170829_181049

На ден: 29.08.2017 година во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии започна со реализација тродневна обука за нашите професори. Водени од идејата за креирање на современа настава која ќе овозможи стекнување на квалитетни знаења и вештини, од оваа учебна 2017 / 2018 година започнува со работа новата училишна Лабораторија по Електротехника.

Доделени дипломите на учениците од завршните години и плакети за најуспешните

20170816_132359

На ден: 16.08.2017 година класните раководители на учениците од завршните години им ги доделија Дипломите за завршено средно образование. Директорот  на училиштето  Ефтим Пејовски и помошник- директорот Ленче Спасовска на првенците на генерација и на образовни профили им доделија плакети за постигнатите успеси.

Професорите го посетија музејот лоциран во ХЕЦ Матка

image-0-02-04-5ecc950d27e776bfe4e383ca7ef0caae172efb81e8a95d3bc087dc6ac8c983de-V

На ден 16.08.2017 година професорите од нашето училиште беа на еднодневна научно-едукативна екскурзија и го посетија изложбениот центар сместен во автентичен и оригинален простор, на местото на старата Хидроцентрала „Матка“.

AВГУСТОВСКА ИСПИТНА СЕСИЈА

КОМИСИИ И ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОНРЕДНИ И ДИФЕРЕНЦИЈАЛНИ ИСПИТИ (УЧЕБНА 2016 / 2017 ГОДИНА)

Јунска испитна сесија

КОМИСИИ И ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ДИФЕРЕНЦИЈАЛНИ ИСПИТИ  ЈУНСКА ИСПИТНА СЕСИЈА (УЧЕБНА 2016 / 2017 ГОДИНА)

 

Наградна екскурзија за класовите победници на еколошката акција и штафетната трка

image-0-02-05-f005ce8d81c228afd692d62c269255323cf5b083776446d9c27712509cbbc9b6-V

На ден: 09.06.2017 година за учениците кои беа најупешни во воннаставните активности беше реализирана еднодневна екскурија.

Едукативна екскурзија за најуспешните ученици

20170606_144506

Традиционално и оваа учебна година за класот со најдобар успех од завршните години на ден 06.06.2017 година беше реализирана еднодневна екскурзија со посета на музејот „Никола Тесла“ – Београд, Р Србија.

Резултати од Денови на Електротехниката 2017

Резултатите од Денови на Електротехниката 2017 може да ги погледнете овде, тестот по физика на македонски јазик овде и тестот по физика на албански јазик овде.

 

Првонаградени на 53-от Државен натпревар на младите истражувачи од Р.Македонија – Наука на млади

18403357_1893802170637329_7867770236616017650_n

На ден 13.05.2017 година во СУ „Гоце Делчев“ – Куманово се одржа 53-от Државен натпревар на младите истражувачи од Р.Македонија – Наука на млади. Ученикот Андреј Трајанов II – 4, под менторство на проф. Наташа

Наградени на натпреварот по Граѓанско образование

На Државниот натпревар по Граѓанско образование одржан на 13.05.2017 година во просториите на Филозофскиот факултет – Скопје, ученикот Александар Соколчевски од IV-2 клас под менторство на проф. Владимир Спасовски, го освои третото место.

На ученикот му честитаме за постигнатиот успех

Посета на Изложбениот центар за електрична енергија

IMAG0560

Најдобри ученици од III  година од СЕТУГС „Михајло Пупин“-Скопје,  на 17.05.2017 година беа во посета на првиот Изложбен центар за електрична енергија во Р. Македонија сместен во просториите на ХЕЦ Матка.

XXXVI државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта на Република Македонија

image-0-02-05-3452b017

На Државниот натпревар за ученици од електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта кој се одржа на 05.05.2017 година во СОУ „Ѓошо Викентиев “ – Кочани нашето училиште учествувше со пет ученици, (по еден од сите образовни профили и еден ученик со научен труд):

Меѓу наградените

20170509_091232

           На 40 – от општинскиот натпревар на екипите за прва помош одржан

Успешно заврши проектот со средните стручни училишта „Михајло Пупин“ – Нови Сад, Р Србија и „Руѓер Бошковиќ“ – Винковци, Р Хрватска

IMG_3125

Во рамките на меѓународниот проект со работен наслов „Компаративна анализа на енергетска ефикасност во училиштата Михајло Пупун-Скопје, Руѓер Бошковиќ-Винковци и Михајло Пупин-Нови Сад,  во периодот 23.04. до 29.04.2017 година во Винковци, Република Хрватска, во Техничката школа “Руѓер Бошковиќ“се реализираше последната негова фаза.

Штафетна трка во чест на патронот Михајло Пупин

20170426_104541

На 26.04.2017 година на кејот на реката Вардар во Градскиот Парк се одржа традиционалнaта штафетна трка по повод Патрониот ден на нашето училиште СЕТУГС     „ Михајло Пупин“-Скопје.

ЗЕЛЕН ГРАД

ЗЕЛЕН ГРАД НЕШТО ЗА ШТО СОНУВАМ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ. ШИРОКИ ШЕТАЛИШТА, ЖУБОР НА ВОДА ВО РЕКИТЕ КОИ ПРОТЕКУВААТ

Пролетно дарување на крв во учебната 2016 / 2017 година

20170329_093500

На ден: 29.03.2017 година во просториите на нашето училиште се спроведе втората крводарителска акција предвидена за учебната 2016 / 2017 година во организација на  Црвенот Крст – општина Гази Баба.

Резултати од натпреварите по специфични вештини за учебната 2016 / 2017 год.

20170407_135509

  Традиционално трета година по ред на: 07.04.2017 година во просториите на нашето училиште се одржаа натпревари по специфични вештини: решавање на Судоку и местење на Рубикова коцка. На натпреварите, покрај учениците од нашето училиште, учествуваа и ученици од основните училишта на Град Скопје. На натпреварите најдобри резултати постигнаа:

Заврши втората фаза од проектот „Енергетскa ефикаснот” со средните електреотехнички училишта „Михајло Пупин“ – Нови Сад, Р Србија и „Руѓер Бошковиќ“ – Винковци, Р Хрватска

IMAG0522

           По успешната реализација на првата фаза во која група од 5 ученици и 2 професори-ментори од нашето училиште учествуваа во  еднонеделна обука во средното училиште „Михајло Пупин“ – Нови Сад, во периодот од  27.03.2017 година до 31.03.2017 во нашето училиште се реализираше втората фаза од проектот „Енергетскa ефикаснот”.

Првиот пролетен ден симболично дочекан со еколошка акција

По повод ,,Денот на eкологијата” , на ден: 21.03.2017 година во училишниот двор се реализира еколошката акција – „собирање на стара хартија. И оваа учебна година во акцијата активно се вклучија вработените и учениците од сите години кои покажаа висока еколошка свест и колективна одговорност кон животната средина.  

Потпишан е Меморандум со компанијата ЕВН за реализација на проектот „20-20-20“: Повеќе пракса за стручни кадри во средното образование

mihajlo-pupin-evn

Завршен настан нa ПМИО (Проект за меѓуетничка интеграција во образованието)

17342825_10154197143101790_5847103422052046684_n

На 15.03.2017 година на покана на УСАИД како учесници во проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, нашето училиште присуствуваше на завршниот настан кој се одржа во Хотел Александар Палас, Скопје.

натпревар по специфични вештини

flaer psd1 final April 2017

Благодарница за организација и покажани резултати во крводарителството

 На ден: 17.03.2017 година во просториите на  Црвенот крст – општина Гази Баба, на нашето училиште му беше доделено благодарница по повод долгогодишната успешна организација, солидните постигнати резултати како и покажаната хуманост и солидарност на полето на крводарителството.

Ученици од „Школски центар – Крањ“ во посета на нашето училиште

DSC00807

Во периодот од: 27.02.2017 до 10.03.2017  нашето училиште е домаќин на група од 8 ученици и 2 професори од „Школски центар – Крањ“, Р Словенија. Со оваа работна посета започнува

Општински натпревар по физика

На ден 18.02.2017 година, во нашето училиште се одржа општинскиот натпревар по физика. На овој натпревар се натпреваруваа ученици од I и II година од  училиштата СЕТУ на ГС „Михајло Пупин“ и  СУГС „ Панче Арсовски“ .

Општински натпревар по математика

На ден 28.01.2017 година во просториите на СЕТУ ГС “Михајло Пупин – Скопје ” се одржа Општинскиот натпревар по математика за ученици од средно образование од општина Гази Баба. На натпреварот учествуваа вкупно 15 ученици од 3 училишта и тоа:

Доделени дипломи на ученици и ментори во рамки на проектот “Лидер на струка”

image-0-02-05-5ed08adf78bed9e41de1ed5a529fe1c345a0b19ba309ff514264e20a804f6121-V

Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу и директорот на Центарот за стручно образование и обука, Ајше Селмани на 14.02.2017 година им ги доделија дипломите на менторите и на учениците кои што постигнаа најдобри резултати на натпреварите за избор на најдобар ученик во струката, во рамките на проектот „Лидер на струка“ .

Помеѓу победниците на Ultimaker натпреварот

ultimte decki

Учениците Матеја Вељковиќ, Андреј Трајковски, Петар Георгиевски од III–3 клас под менторство на професорката Даниела Сандева на Ultimaker натпреварот  се претставија со проектот „DRINK MIXER 9001“, полуавтоматизиран процес за мешање на два пијалаци и како победници на натпреварот од страна на организаторот на нашето училиште му беше доделено  Ultimaker 2+ 3Д-печатар.

Happy Valentine’s Day

     По повод  Денот на вљубените на 14.02.2017 година  учениците од англиската секција изработија декоративно пано со креативни пораки карактериситични за овој ден.

Продолжува соработката со Школски центар – Крањ

image-0-02-05-49

           Нашето училиште СЕТУ „Михајло Пупин“- Скопје и овaа учебна 2016-2017 година ја продолжува повеќегодишната успешна соработка со Школски центар – Крањ,   Р. Словенија.

Успешно започна реализацијата на проектот со срeдните училишта од Србија и Хрватска

IMG_2348

Од 19.12.2016 до 23.12.2016 година нашето училиште активно се вклучи во реализацијата на проектот со средните електротехнички училишта: „Руѓер Бошковиќ“- Винковци, Р Хрватска и „Михајло Пупин“ – Нови Сад, Р  Србија.

Среќна Нова 2017 година

image-0-02-05-

Среќни новогодишни и божикни празници исполнети со многу здравје, среќа и успех Ви посакуваат вработените и учениците од нашето училиште

Повторно наградени

20161207_121703

На 32-от противпожарен квиз натпревар оджан на 18.11.2016 година учениците Кукољ Милена, Петковски Кире и Стојановска Марија сите од III-3 клас под менторство на  проф. Драган Илиевски го освоија третото место

Хуманитарна акција

krv2

На ден: 17.11.2016 година во организација на Црвен крст – Гази Баба успешно беше реализирана  есенската хуманитарна акција за  дарување на крв. Во акцијата се вклучија учениците од IV година како и вработените во училиштето.

Најчисти и најбезбедни училишта за учебната 2015/2016 год.

05

На ден 14.10.2016 година во просториите на нашето училиште министерот за образование и наука г-дин Пиштар Лутфиу и амбасадорката на ОБСЕ   г-ѓа Нина Суомалаинен доделија признанија на  основните и средните училишта прогласени за најчисти и најбезбедни за учебната 2015/2016 година.

Почеток на новата 2016/2017 учебна година

Утре, 1.09.2016  година (четврток), започнува новата учебна 2016/2017 година.

Во СЕТУГС „Михајло Пупин“-Скопје наставниот процес ќе започне по распоред:

I-ва(прва) и II-ра(втора) со почеток во 7:30 часот, а

III-та(трета) и IV-та(четврта) со почеток во 13:20 часот!

На сите ученици и наставници им посакуваме успешна учебна година!

Термини за полагање Државна матура и Завршен испит во Августовски рок

Термини за полагање Државна матура и Завршен испит во Августовски испитен рок во учебната 2015/2016 година за редовни и вонредни ученици

Екстерните испити од Државна матура ќе се полагаат во СУГС “Панче Арсовски” – Скопје

Оглас за запишување ученици во I година во учебната 2016/2017 година

Врз основа на член 42 од Законот за средното образование, донесениот Предлог план за упис на ученици во прва година во учебна 2016/2017 на Наставнички совет од 05.01.2016 година и Конкурсот на запишување на ученици на МОН објавен во март 2016  година, Училишната комисија за упис на ученици во прва година  на СЕТУ на Град Скопје “Михајло Пупин” Скопје, објавува:

О Г Л А С

За запишување на ученици во I година во учебна 2016/2017 година

ЈУНСКА ИСПИТНА СЕСИЈА (УЧЕБНА 2015 / 2016 ГОДИНА)

КОМИСИИ И ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТНИ ПРОГРАМИ ЗА ПРЕМИН, ВОНРЕДНИ И ДИФЕРЕНЦИЈАЛНИ ИСПИТИ

 

ПЛАКЕТА ЗА НАЈАКТИВНО УЧИЛИШТЕ

На ден 07.06.2016 година од старана на USAID, EDC (learning transforms lives) и Youth employability skills network во рамките на проектот: Мрежа ЈЕС, на нашето училиште му беше доделено плакета за најактивно училиште во соработка со заедницата