Кодекс

Кодексот на однесување на учениците во училиштето

  • Основни норими и начела

Ученикот како субјект во воспитно-образованиот процес треба да има јасна слика за својата положба и улога во училиштето и општетвото, да ги знае своите права и одговорности и да се прилагодува на новите барања.
Секој ученик треба да биде ценет како личност без оглед на својата способност, талент, пол, раса, култура, традиции, националност, вероисповест и социјална положба.
На учениците да им се овозможи да постигнат успех во рамките на наставниот план и програма. Воспитно-образовниот процес да го промовира моралниот, менталниот и физичкиот развој на ученикот во училиштето и општеството.Во процесот на воспитување и образување, ученикот се обврзува:
- воспитанието и образованието да му претставува највисок императив;
- да ги осознава и почитува општествените и индивидуалните вредности кои имаат траен карактер и кои треба да ја чинат основата на моралноста на една личност;
- да ја чува честа и благородните традиции на ликот на ученик со совесен,одговорен и хуман однос во работата;
- да ја почитува личноста на своите соученици, наставници и родители и да ја цени меѓусебната зависност на индивидуите и групите;

 

  •  Ликот на ученикот

Ученикот треба:
- постојано да се ангажира во постигнување на резултати во наставата и воннаставнатите активности, со коректност, одговорност, објективност и доследност во однесувањето;
- да ги почитува законските одредби и одлуките на органите во училиштето и пошироко;
- секогаш и секаде да внимава на својот јазик кој треба да е литературен, јасен и достоинствен;
- секогаш да служи за пример со својот изглед и однесување и да формира културни и естетски навики;
- да внимава на својот морален лик;
- да има одговорен однос кон средствата и условите со кои работи и учи;
- да се изградува во личност во која може да се има доверба , со особини на непосредност, авторитетност, колегијалност, тактичност хуманост;
- да верува во своите способности и си поставува високи барања; со личен пример и со почитување на прописите во училиштето и надвор од него да се бори против причинителите на болести на зависности и други негативни појави
(дрога, алкохол, пушење, криминал);

  •   Ученикот и учењето

Во процесот на своето образование и воспитание ученикот треба да научи:
- да ја развивива својата способност на учење;
- да стекнува вештина за лична ефикасност, планирање и организација на времето;
- во учењето да прифаќа примена на нови наставни технологии и да ги користи наставните средства и помагала што му стојат на располагање;
- да го развива својот талент;
- да ги самооценува сопствените постигања.

  •   Ученикот и наставниот час

Ученикот треба:
- навреме и редовно да доаѓа на секој наставен час;
- секогаш да биде подготвен за работа(настава);
- да допринесува и овозможува позитивна работна атмосфера со активно ангажирање на часот;
-да почитува сите субјекти што учествуваат во воспитно-образовните активности;

  • Меѓусебен однос на учениците

Во негувањето на угледот и достоинството на ликот на ученикот и училиштето, ученикот е должен да се грижи и придонесува за градење и решавање на позитивни коректни односи со сите соученици при што:
- ученикот е должен да се грижи и придонесува за градење и решавање на позитивни и коректни односи со сите соученици врз основа на другарство, искреност и отвореност;
- меѓусебната соработка ја темели врз заемно договарање, разменување на искуства и совесно и ефикасно извршување на задачите;
- во комуникацијата со учениците ги цени нивните знаења, достоинство и индивидуални квалитети и се воздржува од озборување;
- добронамерно и без тендециозност укажува на слабостите на својот соученик со што го штити угледот и ликот како на ученикот така и на училиштето;
- треба да биде солидарен со својот соученик особено кога станува збор за социјални и здравствени проблеми;
- треба да им помага на другите ученици пренесувајки им го своето значење и искуство;

  • Односот на учениците кон училиштето, семејството и пошироката околина

Ученикот е должен да ги почитува и спроведува нормите на однесување и работа во училиштето, семејството и пошироката заедница, при што:
- е должен да ги почитува и спроведува нормите на однесување и работење во училиштето;
- jа почитува личноста на сите вработени во училиштето, родителите и другите посетители но има право да биде ценет како личност и да не биде навредуван;
- избегнува стил на комуницирање и појави недолични за ликот на ученик и не користи навредлив и непристоен говор;
- не ги омалажува и навредува другите во училиштето и надвор од него и не смее да појавува агресивност, нетолерантност, желба за доминација, болна самоувереност и амбициозност;
- е искрен и лојален кон себе и другите;
- ги почитува аргументите на другите и не дава непристојни коментари;
- има одговорен одговорен однос спрема наставните сретства, инвертарот и другите матријални добра во училиштето , како и кон уредувањето и облагородувањето на училишниот простор и околината;
- се труди училиштето да биде пријатно и безбедно место за него и за сите други со навремено и објективно информирање за негативни појави и оштетувања на инвертарот и соработува со пофесорите и стручните работници, родителите и раководните лица во училиштето;
- навремено и објективно ги информира родителите за својата работа и однесување во училиштето и надвор од него;ги почитува аргументите на родителот;
- бара соработка и ангажирање на родителите за решавање на проблеми на основа на меѓусебна доверба и разбирање;
придонесува и ја поттикнува комуникацијата и соработката со родителите и училиштето;
- со својот успех и поведение е одговорен пред семејството и општествената заедица;
- се придружува на законските одредби за забрана на секаква политичко и верско организирање и дејствување во училиштето;ги почитува и се придржува кон правилата содржани во куќниот ред на училиштето;
- на ученикот строго му е забрането пушење цигари и плукање во ходник, таолет и училницата;
- задолжително е носењето на легитимација; дежурните ученици се должни свесно и одговорно да ги извршуваат своите задачи и задолжително да ја легитимираат секоја странка што влегува во училиштето;
- секој ученик има право да го изрази своето незадоволство преку класниот раководител, Училишната заедница и Младинската организација;

  • Должности на учениците на наставните часови

Учениците имаат одговорност:
- редовно и навремено да ја посетуваат наставата и другите облици на организирана работа;
- редовно и навремено да ги исполнуваат своите должности кои се одредени со наставните планови и програми по одделени предмети, училишниот календар и другите прописи;
- во училиштето и надвор од него да водат грижа за личното здравје и сигурност и да не го загрозуват здравјето и сигурноста, односно телесниот и душевниот интегритет на другите;
- да ги почитуваат другите и да се однесуваат во согласност со општо прифатените норми и вредности за граѓанство;
- да придонесуваат за угледот на училиштето;
- да се грижат и да го чуваат имотот на училиштето, личниот имот на учениците и на врботените во училиштето;
- да учествуваат во дежурството кое е одредено според училишниот ред;
- да ги почитуваат правилата на училиштето и да го одржуваат училишниот ред;

  • Завршни одредби

*Секој ученик се обврзува да го почитува и спроведува овој кодекс
*За непочитување и непридржување кон одредбите на овој кодекс одговорен е прекршителот лично.