Тригодишни

ЕЛЕКТРОМЕХАНИЧАР

Струката е со тригодишно образование, има 9 стручни предмети од електротехниката и енергетиката Наставна програма и услови: Струката е со тригодишно образование, има 9 стручни предмети од електротехниката и енергетиката, над 600 часа практична настава во солидно опремени кабинети со сите неопходни инструменти и надгледни средства. Во програмата се опфатени: Сервисирање на електрични апарати и бела техника трансформатори, електромотори, електрични шпорети, фрижидери, електрични печки, греалки, кујнски електрични апарати. Можности за вработување: Механичар за поправка на електрични апарати, во сопствен бизнис или во фирми од таа дејност.

 

ЕЛЕКТРОИНСТАЛАТЕР И МОНТЕР

Струката е со тригодишно образование, има 9 стручни предмети од електротехника и енргетиката. Наставна програма и услови: Струката е со тригодишно образование, има 9 стручни предмети од електротехника и енргетика, над 600 часа практична настава во солидно опремени кабинети со сите неопходни инструменти и надгледни средства. Во програмата се опфатени: Изведба на електрични инсталации и осветление на производствени, административни, спортски, стамбени и други објекти. Монтажа на електронски уреди и постројки. Можности за вработување: Изведувач на електрични инсталации и монтер на електрични постројки, во сопствен бизнис или во фирми од таа дејност (електродистрибуција, производни фирми, градежни фирми…)