МЕТА

Младинска Електротехничка асоцијација (МЕТА)

META
Mладинска организација на СЕТУГС “Михајло Пупин” од Скопје. Формирана е во март, 2005 година, на состанокот со сите заинтересирани ученици (повеќе од 100) и со демократски процес во изборот на раководство, составено од 6 ученици. Првиот претседател е Јово Алексовски. Прв настан од МЕТА е локален електротехнички напревар. Во 2005 година МЕТА ја превзема организацијата на КУПОТ на Михајло Пупин, штафетна трка на кејот на Вардар. Исто така, организира повеќе презентации и обуки како што се:

Обука за јавно говорење
Изработка на CV
Ефективно комуницирање
Лидерство
Барање спонзорство
Тимска работа и др.

Од 2006-2009 го организира изборот на национален лидери членовите на националниот одбор на МАССУМ. Две години, 2006-2007, ја одржува работата на центарот за кариера во училиштето. Претседател на МЕТА за 2009/2010 година е Мелвин Милановски.