МП Инженеринг

Реална компанија на СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје

 

Реалната училишна компанија МП ИНЖЕНЕРИНГ на пазарот нуди услуги од областа на својата основна дејност, односно од електротехничка струка. Имено ќе се понудат следниве услуги:

Aнализа на потрошувачка на електрична енергија и давање на технички решенија за намалување на потрошувачката на електрична енергија
•Контрола и мерење на отпор на заземјување
•Контрола и мерење на отпор на изолација на електрична изолација
•Контрола на изедначување на потенцијалот
•Изработка на електрични и громобрански инсталации.

Поволна околност за Реалната училишна компанија МП ИНЖЕНЕРИНГ е тоа што нејзината локација е во главниот град Скопје, каде што во моментот постои најголема стопанска активност. Но нашата визија е услугите да ги нудиме на целата територија на Република Македонија. Нашите идни соработници, односно корисници на нашите услуги, ги препознаваме во:

•Трговските друштва што вршат дејност во областа на електроинсталатерски работи
•Правни субјекти од областа на индустријата
•Правни субјекти од областа на администрацијата
•Правни субјекти од областа на образованието
Физички лица

Промоција на Реалната училишна компанија МП ИНЖЕНЕРИНГ се реализира преку:

•Информирање на учениците за целите на компанијата
•Информирање на родителите за целите на компанијата
•Промовирање на електронски медиуми
•Промовирање на пишувани медиуми

Стратегијата за маркетингот на Реалната училишна компанија до финансиско зајакнување на фирмата ќе биде базирана на нудење на квалитетна, навремена и високостручна услуга со прифатлива цена. Овој период очекуваме дека ќе се активираат учениците (1500 на број) и нивните родители во насока на обезбедување на корисници на нашите услуги. Исто така со големо внимание се следат сите чекори што ги превземаат конкурентските фирми со цел адекватно да се одговори на новите предизвици.