Секција по физика

Секцијата по физика во СЕТУ на ГС „Михајло Пупин“

 

Секцијата по физика во СЕТУ на ГС „Михајло Пупин“ е формирана со цел да ја популаризира физиката помеѓу учениците во училиштето. Единствен услов да се стане член на секцијата по физика е да се сака физиката и да се има желба за добивање на нови знаења од областа на науката и техниката.

За време на секцијата се oдржуваат предавања, дискусии, се гледаат видеа и анимации на теми кои што се актуелни во доменот на  физиката. Дел од темите кои се планирани за учебната 2014/2015 година се:

Технологија на невидливост. Материјали и начини на извиткување на  зраците
Врската помеѓу свеста и материјата. Теории како се креира мислата
Бермудски и Драгонски тријаголник
Патување и бази на месечината
Марс. Дали постои живот на Марс?
Некои факти за нашиот универзум
Црни дупки и црна материја
Гледање на видеа, презентации и водење на дискусија за Big Bang теоријата за настанокот на универзумот
Суперпроводници и суперфлуиди
Холографија
Вонземјани и вонземни технологии
Алтернативни енергии

Генетски инжинеринг. Теории за бесмртност

Врската помеѓу свеста и материјата. Теории како се креира мислата

Квантни компјутери

Нанотехнологија

Инталгемент. Телепортација

Потрага по Хигс Бозонот –„Божјата честичка“

Антигравитација и антигравитациони летала

    Обработка на тема предложена од учениците. Темите најчесто ќе бидат земени од некои познати списанија за физиката, некои теми што се во тренд или пак учениците ги прочитале во дневниот печат за некои појави или достигнувања во науката и сакаат да ги прошират своите знаењата


Покрај предавањата, планиран е и експеримент за правење на анти-гравитационо летало, така наречено „лифтер“, кое што работи врз база на ефектот на Т.Т.Браун. Во текот на експериментирањето учениците ќе бидат запознаени со работата на канадскиот иноватор Хатшитсон и со најновите откритија на полето на анти-гравитацијата.

Нашата секција успешно соработува со Друштвото на Физичари на  Македонија, Обсерваторијата во Скопје, Метеролошкиот завод и Лашко Хидраулика и воедно планирано е да ги посетиме овие организации, со цел учениците да ја осознаат  практичната примена на физиката. 

 

   Професор по физика:

   Миланчо Иванов