Специфични вештини

Натпревари по специфични вештини

  • СУДОКУ

      

 Историја: Судоку е древна јапонска игра која се игра повеќе од 1000 години. За прв пат во модерниот свет се појавува во 1970 година во американското списание  Dell magazines, a меѓународна популарност доживува во 2005 година. Првото светско првенство во судоку е одржано во Италија 2006 година.

     Правила на играта: Судоку е логичка игра. Целта на оваа канонична сложувалка е да се внесе број од 1 до 9 во секое поле од 9×9 матрицата, која пак е составена од 3×3 подматрици (наречени „региони“), почнувајќи со разни броеви кои се дадени во некои полиња. Секоја редица, колона и регион мора да содржи една и само една инстанца од секој од броевите 1 до 9. Целта на играта е да се исполнат сите полиња  од 1 до 9 и притоа секој број може да се појави точно 9 пати. На почетокот на играта во некои полиња напишани се неколку броеви, а енигматичарот е должен да ги пронајде и правилно да ги распореди останатите броеви во сложувалката. Судокуто може да има повеќе решенија доколку на почетокот има помалку броеви, затоа треба да се внимава да не се направи грешка на почетокот при решавањето на сложувалката. Еден од начините за решавање на сложувалката е со примена на методот на елиминација односно еден број смее да се појави само еднаш во редицата, колоната и регионот. За да се реши успешно задачата потребно е трпение и логички способности.

Времетраењето на играта е 30 минути. Натпреварот се состои во решавање на 4 судоку сложувалки. Победник е учесникот кој за најкус временски рок правилно ќе ги реши сите 4 сложувалки. Во случај ниту еден учесник да не ги реши сите 4 сложувалки во предвиденото време, победник е учесникот кој има најмногу правилно решени сложувалки, односно точно пополнети полиња.

      Напомена: Право на учество во играта имаат учениците од деветто одделение од основните училишта на град Скопје. Покрај учесниците на натпреварот, училиштето е должно да определи и наставник-ментор кој ќе биде одговорен за пријавените ученици.  На учениците и менторите по завршувањето на натпреварот ќе им бидат доделени пофалници за учество на натпревар по специфични вештини.

Пријавување за учество: Сите заинтересирани ученици своето учество можат да го пријават на е mail адресата: mats.mps2014@gmail.com  (најдоцна до 23.12.2015 година), во пријавата задолжително треба да се запише името и презимето на одговорниот наставник –ментор.

  • РУБИКОВА  КОЦКА

       Историја: Рубиковата коцка е пронајдок на Ерно Рубик, скулптор и професор по архитектура од Унгарија. Приказната за Рубиковата коцка започнува во 1974 година кога Ерно за потребите на своите предавањата се обидел да создаде 3D механизам чии делови можат да се поместуваат без притоа да се распадне. Тој успеал во својата намера, но не ни претпоставувал дека еден ден неговата коцка ќе стане најпродаваната играчка во светот. Првите коцки биле направени и дистрибуирани во Унгарија. Оригинално, од нејзиниот пронаоѓач, коцката била наречената „магична коцка“, но подоцна  компанијата „Ideal Toys“ во 1980 година ја преименува во „Рубикова коцка“. Таа е светски најпродаваната играчка, со над 300.000.000 примероци и нејзини имитации продадени низ целиот свет. Денес коцката вообичаено се изработува во четири димензии: 2×2×2 (џебна коцка, или  мини коцкадетска коцка или коцка мраз), 3×3×3 (стандардната коцка), 4×4×4 (одмаздата на Рубик), и 5×5×5 (професорската коцка).

Правила на играта: Секоја од шестте страни на коцката е покриена со девет налепници, a секоја од нив е обоена во една од шестте полни бои: белацрвенасинапортокаловазелена и жолта. Црвената, белата и сината боја се наредени во насока на стрелките на часовникот. Во внатрешноста на коцката постои механизам кој овозможува секоја нејзина страна да се заврти независно и на тој начин доаѓа до поместување на положбата на полињата. За загатката да биде решена, потребно е  лицето на секоја страна од коцката да биде во една боја.

Времетраењето на играта е 10 минути. Натпреварот се одвива во две етапи. Тројцата учесници кои (во првата етапа) за најкус временски рок ќе ја наместат коцката влегуваат во втората етапа. Во втората (финална) етапа учесниците имаат право на уште еден обид за местење на коцката.  Победник е учесникот кој во финалето ќе има најдобро време.

 

      Напомена: Право на учество во играта имаат учениците од деветто одделение од основните училишта на град Скопје. Покрај учесниците на натпреварот, училиштето е должно да определи и наставник-ментор кој ќе биде одговорен за пријавените ученици.  На учениците и менторите по завршувањето на натпреварот ќе им бидат доделени пофалници за учество на натпревар по специфични вештини.

Пријавување за учество: Сите заинтересирани ученици своето учество можат да го пријават на е mail адресата: mats.mps2014@gmail.com  (најдоцна до 23.12.2015 година), во пријавата задолжително треба да се запише името и презимето на одговорниот наставник –ментор.

 

 

Корисни  линкови за местење на Рубикова  коцка:

-          https://rubiks.com/uploads/general_content/Rubiks_cube_3x3_solution-en.pdf

-          https://www.youtube.com/watch?v=MaltgJGz-dU