Директор

м-р Ефтим Пејовски

Дипл.ел. инж

Роден е во 1960 година во с.Мислешево,Струга.

Основно, средно и високо образование завршил во Скопје.

Средното образование го завршил во ЕМУЦ „Никола Тесла“-Скопје
Со високо образование се стекнал на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

Дипломирал на насокaта електроeнергетика, на Електротехничкиот факултет во Скопје.

Магистрирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ во Скопје на студиската програма „Метрологија и менаџмент на квалитет“.

Во СЕТУ на Град Скопје „Михајло Пупин“ е вработен од 1987 година на работно место професор по електрогрупа на предмети. Како професор по Електрични мерења ја основал лабораторијата за Електрични мерења со што се создаваат услови за реализирање на практични вежби.
Автор е на два учебника по електрични мерења, како и на Прирачник за лабораториски вежби по електрични мерења наменети за учениците од електротехничка струка.
Соработник е на Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука.

Носител е на звањето Особено истакнат педагошки работник.

Директор на училиштето е од 2003 година.