Михајло Пупин

МИХАЈЛО ИДВОРСКИ ПУПИН

           Михајло Идворски Пупин роден е 09.10.1854 година, како едно од десетте деца во сиромашното селско семејство, на таткото Константин и мајката Олимпијада, неписмени, но исклучително интелигентни и угледни луѓе. Мајката Олимпијада, имала големо влијание врз младиот Михајло. Сваќајќи го значењето и потребата нејзиниот син да се стекне со поквалитетно образование, успева да го убеди таткото на Михајло да дозволи и да му овозможи на петнаесетгодишниот Михајло да го продолжи школувањето во нижата гимназија во Панчево, а по гимназијата да го продолжи школувањето во Прага. Мајка му, често му говорела колку е значајно да научи да чита и да пишува.

Олимпијада Пупин: ,,Дете мое, ако сакаш да заминеш во светот за кој толку многу си слушал во нашите краишта, мора да имаш уште еден пар очи. Oчи за читање и очи за пишување. Во светот има толку многу работи кои не можеш да ги осознаеш ако не знаеш да читаш и пишуваш. Знаењe, тоа се златни скалила преку кои се иде до небесата. Знаењето е светлост која го осветлува нашиот пат низ животот и н`е води во светот на иднинатa,  исполнет со вечна слава.

        Школувањето во Прага не се одвивало во посакуваниот тек и не ги исполнило очекувањата на Михајло па така почнала да се раѓа идејата да замине на долг пат за Америка. Вистинските причини да замине за Америка биле недостатокот на финансиски средства но и смртта на неговиот татко. Пред да замине во Америка, Пупин испраќа писмо на мајка си, во кое `и ja изразува желбата да се врати дома и да се занимава со земјоделство, но тоа размислување таа одлучно го одбива, инсистирајќи да го продолжи школувањето. При крајот на март 1874 година како дваесетгодишно момче, после тегобен пат, со 5 центи во џебот, Пупин пристигнува во Њујорк и под среќни оклолности добива иселеничка виза.

         Во Америка прво работи како кочијаш и чувар на мазги на фарма во Делавер, а потем во Мериленд работи на полиња со тутун, за потоа да се врати во Њујорк. Лесната чиновничка работа во фабрика за бисквити му овозможува повеќе време за учење, па посетува вечерни курсеви за учење и се подготвува за приемен испит на Кембриџ. По завршувањето на студиите станува професор по теоретска физика и електромеханика на Колумбија универзитетот во Њујорк  и израснува во еден од најпознатите физичари и електроничари во светот, со вкупно 24 патентирани пронајдоци.

        Неговиот најпознат изум е познат под името ,,Пупинови калеми.    Со овој патент овозможен е пренос на телефонскиот сигнал на долги растојанија.

         Втор негов значаен изум се таканаречените ,,Електрични резонатори. За овој патент во 1920 година е одликуван со Едисоновата награда за особен придонес за развојот на науката.

          Михајло Идворски Пупин својот живот го опишува во делото ,,Од имигрант до научник (,,From immigrant to inventor”), за кое дело во 1924 година ја добива Пулицеровата награда. Ова дело, Пупин го посветил на својата мајка Олимпијада.

          Михајло Идворски Пупин, бил профeсор на универзитетот Колубија, член и претседател на Акедмијата на науки од Њујорк, еден од угледните членови на Националната академија на науки на САД, член на Државниот совет за научни истражувања на претседателот на САД.

        Пупин бил оженет со Американката Сара Катерина Џексон од Њујорк и имал една ќерка Варвара. Починал на 12.03.1935 во Њујорк, а погребан е на гробиштата во Вудлаун во Бронкс.

            Светски познатата лабораторија на прочуениот Колубија универзитет го носи името на Михајло Пупин. Бистата на Михајло Пупин (изработена од Иван Мештровиќ, еден од блиските пријатели на Пупин) и денес се наоѓа во холот на универзитетот Колумбија.