СЕТУ на Град Скопје “ Михајло Пупин” грант €453,590.00

Денес во просториите на СЕТУ Михајло Пупин во присуство на Градоначалничката на Град Скопје Г-ѓа Данела Арсовска и директори од компаниите Либерти, Макстил и Раде КОНЧАР контактори и релеи беше презентиран добиениот грант од Regional Challenge Fund . Со поддршка на консултантската компанија Примепоинт ДОО Скопје, конзорциумот предводен од средно електротехничко училиште на Град Скопје „ Михајло Пупин“ од Скопје и компаниите ЛИБЕРТИ АД Скопје, Раде Кончар Контактори и релеи доо и Макстил АД Скопје обезбеди грант во висина од €453,590.00 Евра од Регионалниот фонд за предизвици. Фондот е иницијатива на Германската развојна банка (KfW), а финансирана и од германското Федерално министерство.
Прво место на ROBOMAC
Наградени на Еконова

По повод одржувањето на 20-тата изложба на Еконова и 43-тата изложба на Макинова 2022, Друштвото за заштита на интелектуална сопственост Берин ДОО Скопје додели награда на нашите ученици Ангела Исовска, Михаела Петровска и Јован Дејановски за проектот Soil Bin – паметен компостер под менторство на професорката Анѓелка Андрески, како успешни млади учесници на изложбата Еконова 2022.
Еднонеделна посета на ученици и професори од Турција

Денес заврши еднонеделната посета на ученици и професори од Турција на проект од Еразмус . Споделивме ново искуство на учениците и покажавме како денес функционира нашето училиште. Благодарност до колешките Сандра Ивановска и Наташа Божиновска кои го кординираа овој проект. СЕТУ Михајло Пупин – европско училиште!
Наши ученици и професори во „Михајло Пупин“ во Нови Сад
Информација за стипендии на ученици
Ве известуваме дека во Одделението за ученички стандард во тек е прием на документи за продолжување на ученички стипендии, кои се веќе одобрени во некоја од претходните учебни години.
Потребни документи за продолжување ученичка стипендија се:
- потврда за редовен ученик во учебната 2022/2023 година
- копија од свидетелство за претходната учебна 2021/2022 година
Краен рок за продолжување на стипендиите е 30 ти септември.
Информација од Министерство за образование и наука
Програма за ученичка компанија

Од 14 до16 септември се одржа “Основната обука за спроведување на програмата за ученичка компанија” на Џуниор Ачивмент Македонија, која учествуваа и професорите од СЕТУГС “Михајло Пупин”, Aња Манчевска и Сенад Сејфиќ, и притоа добија први места за идејно решение поврзано со формирање на ученичка компанија, како и на квизот за познавање од тематиките.
Возен ред на автобуска линија 3А
Почитувани возниот ред од Водњанска ( Водно ) до СЕТУ Михајло Пупин и назад на Автобусот со бр 3А се реализира по следниот возен ред:Возен ред на автобуска линија 3А
Среќен почеток на новата учебна година
Почитувани ве известуваме дека учебната 2022-2023 година ќе започне на 1 ви Септември ( четврток ) по следниот распоред:
прва и втора година од 07.30 часот
трета и четврта година 13.20 часот
СЕТУ Михајло Пупин Ви посакува Среќна и успешна учебна година!
Распоред на ученици по класови:
I – 1 КЛАС – ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА ЕЛЕКТРОНИКА И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ
I – 2 КЛАС – ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА ЕЛЕКТРОНИКА И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ
I – 3 КЛАС – ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И АВТОМАТИКА
I – 4 КЛАС – ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И АВТОМАТИКА
I – 5 КЛАС – ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И АВТОМАТИКА
I – 6 КЛАС – ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И АВТОМАТИКА
I – 7 КЛАС – ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЕНЕРГЕТИЧАР (ДУАЛНА)
I – 8 КЛАС – ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЕНЕРГЕТИЧАР (ДУАЛНА)
I – 9 КЛАС – ЕЛЕКТРИЧАР ЕЛЕКТРОМОНТЕР НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ МРЕЖИ
I – 10 КЛАС – ЕЛЕКТРИЧАР ЕЛЕКТРОМОНТЕР НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ МРЕЖИ
ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ТЕБЕ

Нa 09-10.05.2022 год. во просториите на факултетот за Електротехника и информациски технологии ФЕИТ, претставници од нашето училиште, наставниците Јелена Стојановиќ Јосифовска, Наташа Божиновска, Софија Темкова и Стефана Христовска и учениците Давид Костовски, Матеј Згонц, Мартин Кузмановски и Матеј Николовски, учествуваа на едукативна работилница на тема „Развојни микропроцесорски системи“, во рамките на проектот „Технологија за тебе“, во организација на Логинг Електроникс.
Конечни ранг листи од трето пријавување во прв уписен рок
Конечни ранг листи од второ пријавување во прв уписен рок
Уписи во средно училиште
Почитувани деветтоодделенци утре е време за прав избор. Средното ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКО училиште на Град Скопје “ Михајло Пупин” е вистинскиот избор кој ви обезбедува иднина. Сите кои немаат технички услови сите кои имаат потреба од помош при електронското аплицирање може да дојде во нашето училиште вторник 14.06.2022 од 08.00 до 19.00 часот и Среда 15,06.2022 од 08.00 до 15.00 часот каде наши колеги професори ќе ви помогнат да аплицирате без проблем. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ
Запиши се во средно училиште во 4 чекори!

Запиши се во средно училиште брзо и едноставно и стани дел од модерен образовен систем!
Новата и единствена платформа за електронско запишување ученици во средните училишта овозможува запишување во само 4 чекори.
Кликни на линкот кој води до онлајн апликацијата
www.e-uslugi.mon.gov.mk
Пополни ги потребните податоци и прикачи ги потребните документи
Притисни аплицирај
Испечати ја пoтврдата која треба да ја приложиш во одбраното училиште
За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, Порталот ќе биде отворен од 10.06.2022 (10.00 часот). Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 15.06.2022 (најдоцна до 15.00 часот), после што системот ќе биде затворен за аплицирање.
Ученичка компанија

Нашето училиште е учесник на Националните натпревари поврзани со проектот Ученичка компанија организиран од Џуниор Ачивмент. На 26.05.2022 (четврток) и 27.05.2022 (петок) 5 ученици со нивниот наставник ментор Стефана Христовска и со ученичката компанија МPSetings присуствуваа на Националниот натпревар на најдобри ученички компании за учебната 2021/2022 година.
Отворен ден во СЕТУГС „МИХАЈЛО ПУПИН“ – СКОПЈЕ
Резултати од тест по Физика – Денови на електротехниката 2022
Денес на 12.05.2022 во просториите на нашето училиште започна IX-тата по ред манифестација Денови на електротехниката. Присуствуваа голем број на основни училишта од Град Скопје и за првпат годинава и основни училишта од другите градови од Р.С.Македонија. После свеченото отварање на кое обраќање имаше Директорот на СЕТУГС „Михајло Пупин“ – м-р.Димитар Ѓорѓиев, учениците се упатија на решавање на тестот по Физика. По завршување на тестот, учениците од основните училишта заедно со своите ментори , организирано ги однесовме на Матка и органзииравме посета на Музејот на ЕВН – Изложбениот центар „Матка“. Во прилог се резултатите од тестот по Физика.
Резултати од тестот по Физика – Денови на електротехниката 2022
Во текот на утрешниот ден трите најдобро рангирани училишта ќе се натпреваруваат на Квиз натпревар.
Им посакуваме успех на сите учесници!
Конкурс за упис во прва година за учебна 2022 / 2023 година

Деветодделенци време е да направите избор за Вашето понатамошно образование. Направете го вистинскиот избор – изберете го СЕТУ Михајло Пупин, едно од најнаградуваните училишта во Македонија.
Конкурс за упис во прва година за учебна 2022 / 2023 година
ПОСТОЈАНО МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ!!!
На 58-от Државен натпревар на младите истражувачи – Наука на млади:
1. Александар Јанев, од IV-4 клас, под менторство на проф. Анѓелка Андрески освои 2 место во областа Дизајн на веб страници
2. Бојан Котев, од IV-5 клас, под менторство на проф. Даниела Сандева освои 2 место во областа Компјутерско програмирање
КОМИСИИ И ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОНРЕДНИ ИСПИТИ АПРИЛСКА ИСПИТНА СЕСИЈА (УЧЕБНА 2021 / 2022 ГОДИНА)
СЕТУГС „Михајло Пупин“ -Скопје потпиша меморандум за соработка со две средни училишта од Зеница, БИХ

Во просториите на Власта на Зеничко- Добојски кантон во Босна и Херцеговина во присуство на Министерот за образование Спахија Козлиќ, Средното електротехничко училиште на Град Скопје Михајло Пупин потпиша меморандум за соработка со две средни училишта од Зеница -Босна и Херцеговина, Техничка школа Зеница и Мешовита школа Зеница. Со потпишување на овој меморандум од оваа година ќе има размена на ученици , аплицирање на заеднички проекти, подобрување и размена на искуство во дуалното образование во трите училишта.
МОН: Почетокот на второто полугодие одложен за први февруари
МОН: Почетокот на второто полугодие одложен за први февруари
Почетокот на второто полугодие во основните и средните училишта се одложува за први февруари годинава, одлучи Владата на Република Северна Македонија сношти на владина седница по препорака на Главниот координативен кризен штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата. Согласно одлуката, наставата со физичко присуство во училиштата продолжува на првиот ден од месец февруари.
СЕТУ Михајло Пупин – домаќин на висока делегација од Босна и Херцеговина( Зеничко-Добојски кантон)

СЕТУ Михајло Пупин беше домаќин на висока делегација од Босна и Херцеговина( Зеничко-Добојски кантон), која се состоеше од : министерот за образование, наука култура и спорт г-дин Спахија Козлиќ,заменик министерката за образование г-ѓа Бернадета Галијасевиќ, претседателката на стопанската комора г-ѓа Дијана Бабиќ , заменик министерката за труд и социјала ѓ-га Вилдана Кондиќ, репрезентот на Хелветас г-дин Свен Доминковиќ.
Наградени на МАКИНОВА и BERIN Intellectual Property Agency
Во периодот од 08-10.11.2021 во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички достигнувања на Македонија СПАТУМ и Народнатехника на Македонија по 42 пат се оддржа Меѓународна изложба за иновации, пронајдоци, патенти, дизајн, идеа, нови производи и технологии,трговски марки, истражувачки проекти и младинско творештво 42-МАКИНОВА 2021 на која ученикот Маријан Багевски доби награда како млад иноватор под менторство на наставник Наташа Божиновска и учениците Мартин Милчевски и Лука Дамјанов, награда од BERIN Intellectual Property Agency под менторство на наставник Даниела Сандева.
Прв Дигитален саем за средно стручно образование

Почитувани,
Ни претставува задоволство да Ве поканиме на првиот Дигитален саем за средно стручно образование, организиран од проектот Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е@мк, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Настанот ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември, 2021 година од 13 часот. СЕТУ “Михаjло Пупин” е на агендата на 01.12.2021 со почеток од 13.30h.
Практична работа во европски компании

Во рамките на Eразмус проектот Европски компетенции, во период од 21.9.2021 до 6.10.2021 во Повоа де Варзим, Португалија, 5 наши ученици под менторство на професор Анѓелка Андрески изведуваа практична настава во познати компании како https://www.diamantesolar.pt и https://craveiromobiliario.com. Покрај зголемување на компетенциите на учениците во струката со размена на искуства и знаења, тие ги запознаа и културно историските знаменитости на Португалија со посета на значајните места во Порто, Лисабон и Повоа де Варзим.
СЕТУГС „Михајло Пупин“ дел од проектот за мобилност на ученици и вработени/кадар во стручно образование и обука
CDI Macedonia – ИРЗ Македонија со поддршка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка; РЦСОО Моша Пијаде – Тетово; ОСТУ”Наце Буѓони”;СЕТУ Михајло Пупин; СУГС “Владо Тасевски”-ПТТ во период од 20.09.2021 до 05.10.2021 организира мобилност за ученици од електротехничка и машинска струка во Повоа Де Варзим, Португалија.
РАСПОРЕД НА ЅВОНЕЊЕ
РАСПОРЕД НА ЅВОНЕЊЕ
I смена
1 час 07:30 08:15
2 час 08:15 09:00
3 час 09:00 09:45
Голем одмор 09:45 10:10
4 час 10:10 10:55
5 час 10:55 11:40
6 час 11:40 12:25
7 час 12:25 13:10
II смена
1 час 13:45 14:30
2 час 14:30 15:15
3 час 15:15 16:00
Голем одмор 16:00 16:25
4 час 16:25 17:10
5 час 17:10 17:55
6 час 17:55 18:40
7 час 18:40 19:25
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Учебната 2021/22 год. ќе започне на 01.09.2021 год. со физичко присуство на учениците во училиштето. Учениците од прва и втора година наставата ќе почнат да ја следат во прва смена со почеток во 07:30 часот, а учениците од трета и четврта година наставата ќе почнат да ја следат во втора смена со почеток во 14:00 часот.
Учениците да доаѓаат на училиште најдоцна 15 минути пред почеток на наставата во училишниот двор.
РАСПОРЕД НА ЅВОНЕЊЕ
I смена
1 час 07:30 08:15
2 час 08:20 09:05
3 час 09:10 09:55
4 час 10:15 11:00
5 час 11:05 11:50
6 час 11:55 12:40
7 час 12:45 13:30
II смена
1 час 14:00 14:45
2 час 14:50 15:35
3 час 15:40 16:25
4 час 16:45 17:30
5 час 17:35 18:20
6 час 18:25 19:10
7 час 19:15 20:00
СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН се подготвува за новата учебна година

СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН полека се подготвува за новата учебна година. Денес низ целото училиште во сите тоалети и ходници се поставени рекламни рамки со материјали за информирање на учениците и вработените како да се заштитат од Ковид 19 и како да одржуваат лична хигиена. Од утре поставуваме и постери во секоја училница каде ќе има настава…
ИНФОРМАЦИЈА
ГИ ИНФОРМИРАМЕ УЧЕНИЦИТЕ КОИ ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ЈУНСКИОТ УПИСЕН РОК НЕ СЕ ЗАПИШАЛЕ ВО ПРВА ГОДИНА, ДА ГИ ПОДНЕСАТ ДОКУМЕНТИТЕ ЗА УПИС НА ДЕН 23.08.2021 ГОДИНА (ПОНЕДЕЛНИК).
ПРИЈАВА ЗА УПИС ВО ПРВА ГОДИНА ДА СЕ ПОДИГНЕ ОД СТРУЧНАТА СЛУЖБА ВО УЧИЛИШТЕТО.
Резултати од второ пријавување на прв уписен рок
КОМИСИИ И ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОНРЕДНИ ИСПИТИ ЈУНСКА ИСПИТНА СЕСИЈА (УЧЕБНА 2020 / 2021 ГОДИНА)
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРВ УПИСЕН РОК
Резултати од упис за Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
Резултати од упис за Електротехничар за компјутерска техника и автоматика на Албански јазик
Резултати од упис за Електротехничар за електроника и телекомуникации
Резултати од упис за Електротехничар енергетичар – дуална паралелка
Резултати од упис за Електротехничар енергетичар на Албански јазик
Резултати од упис за Електричар електромонтер за електроенергетски мрежи
Ве очекуваме на уписи

Почитувани деветтоодделенци утре е денот кога ја креирате вашата успешна животна приказна. СЕТУ Михајло Пупин е подготвен да го исполни вашиот сон. Затоа утре 14.06.2021 од 12.00 часот по азбучен ред кој е прикачен на нашата веб страна ве очекуваме. Од утре и вие ќе бидете дел од тимот кој заедно ќе го гради нашето училиште во модерно и европско.
Распоред за упис на ученици во прва година во СЕТУ на ГС „Михајло Пупин” за учебната 2021/2022 година

Драги полуматуранти, Ве известуваме дека е објавен огласот за упис на ученици во прва година во СЕТУ на ГС „Михајло Пупин” за учебната 2021/2022 година.
Во прва година ќе се запишат вкупно 440 ученици во 14 паралелки според наставните планови и програми.
За повеќе информации:Оглас за упис на ученици во прва година во СЕТУ на ГС „Михајло Пупин” за учебната 2021/2022 година.
Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.
Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 14 јуни 2021 година, во период од 12.00 до 19.00 часот, на 15 и 16 јуни 2021 година во период од 07:00 до 19:00 часот и на 17 јуни 2021 година во период од 07:00 до 15:00 часот согласно изготвен распоред од стана на училиштето:
Потпишан меморандум за соработка со Електротехничката школа “ Михајло Пупин “ – Нови Сад – Република Србија

СЕТУ Михајло Пупин ве известува дека е потпишан меморандум за соработка со Електротехничката школа “ Михајло Пупин “ – Нови Сад – Република Србија која ќе започне од месец септември со размена на најдобрите ученици , размена на професори и нивни предавања во двете училишта, заеднички обуки на наставниците, аплицирање во заеднички проекти , размена на искуства и идеи во дуалното образование. Со ова даваме мотивација на сите ученици и наставници да бидат мотивирани и даваат резултати, а со тоа и да ги уживаат бенефитите од овој меморандум на соработка. Им благодарам на нашите домаќини од Нови Сад за прекрасното гостопримство …
ОТВОРЕН ДЕН ВО СЕТУГС „МИХАЈЛО ПУПИН“ -СКОПЈЕ

На ден 26.05.2021 среда сите ученици кои се заинтересирани да се запишат во нашето училиште и сите кои сеуште размислуваат каде ќе се запишат нека повелат од 10.00 до 13.00 часот во училишниот двор на отворениот ден на СЕТУГС „МИХАЈЛО ПУПИН“ – Скопје . Наши професори и ученици ќе ви претстават се она што ние го нудиме како училиште.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!
СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН Ви ги претставува двете нови дуални паралелки

СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН Ви ги претставува двете нови дуални паралелки кои стартуваат од 01.09.2021 година и тоа ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР-ЕНЕРГЕТИЧАР и ЕЛЕКТРОМЕХАНИЧАР. Денес во просториите на училиштето беше потпишан договор за новата дуална паралелка со директорите на четри нови компании кои нудат вработување на учениците од овој профил. Во СЕТУ Михајло Пупин влегуваат како партнери
ЕСМ ( ЕЛЕМ ) Македонија, Раде КОНЧАР контактори и релеи, МАСАК и Либерти.
Оглас за запишување на ученици во I година во учебна 2021/2022 година
Резултати од категорија Филм во рамки на Електронските натпревари
Првото место го освои ученикот Мелик Вишко од II-5, ментор Наташа Божиновска.
Линк до филмот
Резултати од категорија Видео реклама во рамки на Електронските натпревари
Со задоволство информираме за резултати во категоријата Видео реклама. Првото место го освои ученикот Дамјан Блажески од III-6, ментор Анѓелка Андрески.
Линк до видео рекламата
Резултати од категорија ВЕБ страна во рамки на Електронските натпревари
Првото место го освоија учениците Александар Јанев, Александар Славковски и Мартин Томашевски од III-4, ментор Поликсена Митева.
Второто место го освоија учениците Андреј Велков и Стефан Ристески од III-6, ментор Поликсена Митева.
Третото место го освоија учениците Бојан Ивановски, Марио Пшенко и Давид Мартиноски-Исоски од III-5, ментор Поликсена Митева.
Натпревар по програмирање во С++
На натпреварот по програмирање во С++ кој се одржа online, најдобри резултати покажаа учениците Бојан Ивановски, Давид Мартиноски Исоски и Аријан Јакшиќ од класот III-5, ментор – Анѓелка Андрески.
Со тоа се пласираат за понатамошниот тек на натпреварување, односно на регионалниот натпревар во програмирање С++, во организација на Мендо.
На учениците им честитаме и им посакуваме успех во понатамошните натпревари!
Завршни сметки
Резултати од категорија Постер во рамки на Електронските натпревари
Со задоволство информираме за резултати во категоријата Постер:
- Првото место го освои ученикот Марко Атанасов од II -5, ментор Наташа Божиновска;
- Второто место го делат ученикот Благоја Блажевски од IV- 4 со ментор Дијана Трајкоска и учениците Марио Митревски, Марио Трпевски и Стефан Арсов од III -3 со ментор Анѓелка Андрески;
- Третото место го освои ученикот Стефан Велков од II -5, ментор Наташа Божиновска.
Календар за електронски натпревари
Резултати од категорија Кариерно портфолио во рамки на Електронските натпревари
Со задоволство информираме во категоријата Кариерно портфолио, Првото место го освои ученикот Сотир Собралиев од IV2, ментор Дијана Трајкоска.
Линк до кариерното портфолио
Резултати од категорија Фотографија во рамки на Електронските натпревари
Со задоволство информираме во категоријата Фотографија, Првото место го освои ученикот Сотир Собралиев од IV2, ментор Дијана Трајкоска.
НАТПРЕВАРИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД ОБЛАСТ НА МУЛТИМЕДИЈА
Известување за пријавените ученици за проектот „Европски компетенции“
Почитувани ученици кои аплициравте за проектот „Европски компетенции“ во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ве известуваме дека пријавувањето заврши и Вашите апликации се разгледуваат.
Благодарност од учениците од IV-2
И учениците од IV-2 клас од нашето училиште на креативен начин ја изразија својата благодарност до професорите кои им предавале овие 4 години.
Тие изработија на која можете да ги погледнете нивните пораки за благодарност со клик на името на професорот.
Наша цел е да ви пренесеме знаење и да бидете успешни. Ни значи што го препознавате тоа, сме допреле до вас.
Ви посакуваме многу среќа на сите!
Повик за учество во проект – Европски компетенции
Почитувани ученици,
Ни претставува посебно задоволство да Ве известиме дека во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, нашето училиште,под координација на Институтот за развој на заедницата – ИРЗ Тетово, во партнерство со училиштата:СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка, ССОУ Моша Пијаде Тетово, ОСТУ “Наце Буѓони” Куманово и СУГС Владо Тасевски Скопје, го добивме проектот European competencies – Европски компетенции.
За таа цел од нашето училиште се потребни 5 ученици за учество во проектот кои ќе патуваат и ќе реализираат практична работа во Португалија во Јуни 2021 година. Учениците кои ќе бидат вклучени во проектот ќе развијат различни вештини вклучувајќи: професионални вештини, социјални и мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања и други вештини и придобивки.
За да се пријавите за учество во проектот, потребно е да доставите CV и мотивационо писмо до следната емаил адреса: mpskontakt@yahoo.com.
Видео за благодарност од учениците од IV-5
Учениците од IV-5 клас од нашето училиште СЕТУГС „Михајло Пупин“ , на креативен начин со емотивно видео ја изразија својата благодарност кон професорите кои им предаваат. Линк до видето на нашиот Youtube канал.
Браво дечки, се гордееме што сте наши ученици!
Рок за ученички стипендии
Почитувани,
Ве известуваме дека рокот за продолжување на ученички стипендии е 30 септември 2020г.
Посетете го линкот од Министерството за образование и наука.
Распоред на часови
Распоред на ученици по класови за I година во учебната 2020/2021 година
Соопштение за почеток на учебната 2020/2021 година
Почитувани ученици и родители,
новата учебна 2020/2021 година со одлука на Владата на Р.С.Македонија со број 18-8098/1, објавена во Службен весник на 27.08.2020година, ќе започне на 01.10.2020 година. За начинот и формата на одвивање на наставата ќе објавиме допонителни информации.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ на третото пријавување за упис во СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН
Почитувани деветтоодделенци кои сеуште не сте запишани во средно училиште, Ве известуваме дека третото пријавување за упис во СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН е во понеделник на 29.06.2020 со почеток во 08.00 часот и ќе трае до 13.00 часот. Не ја пропуштајте можноста да станете дел од нашиот тим. Слободни места има во профилите :
1. Електротехничар за електроника и телекомуникации
2. Електротехничар- Енергетичар
3. Електричар -електромонтер на електроенергетски мрежи (ЕВН паралелка)
Распоред за пријавување по азбучен ред:
08.00-10,00 А,Б,В,Г,Д,Ѓ,Е,Ж,З,Ѕ
10,00-12,00 И,Ј,К,Л,М,Н,Њ,О,П
12,00-13,00 Р,С,Т,Ќ,У,Ф,Х,Ц,Ч,Џ,Ш
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ..
АЗБУЧЕН РЕД за упис на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година во СЕТУГС “Михајло Пупин” – Скопје
Почитувани ученици и родители,
Во врска со уписот на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година коj ќе се реализира на 24 јуни 2020 година во период од 07:00 до 16:00 часот и 25 јуни 2020 во период од 07:00-13:00, а со цел да се почитуваат препораките дадени од надлежните институции заради настанатата ситуација со вирусот COVID 19, Ве замолуваме доследно почитување и придржување кон следниот:
АЗБУЧЕН РЕД за упис на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година во СЕТУГС “Михајло Пупин” – Скопје.
КОМИСИИ И ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПОПРАВНИ И ВОНРЕДНИ ИСПИТИ – ЈУНСКА ИСПИТНА СЕСИЈА (УЧЕБНА 2019 / 2020 ГОДИНА)
Резултати од прв уписен рок
Почитувани ученици, ова се резултатите од првото пријавување во јунскиот уписен рок по образовни профили. Истите се истакнати и на влезот на училиштето. На примените ученици им честитаме и им посакуваме успешно школување и средношколски денови за паметење!
EЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И АВТОМАТИКА
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА ЕЛЕКТРОНИКА И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА ЕНЕРГЕТИКА
ЕЛЕКТРИЧАР ЕЛЕКТРОМОНТЕР ЗА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ МРЕЖИ – ЕВН паралелка
ЕЛЕКТРОМЕХАНИЧАР
Ве очекуваме на уписи на 16 и 17.06.2020
Уште едно од промотивните видеа на нашиот youtube канал погледнете овде.
Ве очекуваме на уписи на 16 и 17.06.2020 од 07-19.00h.
Инвестирај во својата иднина – средно електротехничко училиште „Михајло Пупин“ -Скопје
Новото видео како дел од нашата on-line кампања веќе достапно на нашиот Youtube канал - Инвестирај во својата иднина – средно електротехничко училиште „Михајло Пупин“ -Скопје
Известување за деветооделенците од другите градови – наши идни ученици
ПОЧИТУВАНИ РОДИТЕЛИ И УЧЕНИЦИ (ДЕВЕТТООДДЕЛЕНЦИ ),
Средното електротехничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“ Ве известува дека за сите ученици кои ќе се запишат во нашето училиште , а се од други градови во Република С.Македонија, ќе бидат обезбедени места за сместување во домот Партеније Зоографски, кој е веднаш до нашето училиште. Децата нема да мора да користат никаков превоз до училиштето. Оддалеченоста на домот од училиштето е 15 метри.
Пријавување на вонредни испити за јунска испитна сесија
Пријавувањето на вонредните испити за јунската испитна сесија за учебната 2019 / 2020година ќе се реализира во училиштето во периодот од 01.06.2020 до 10.06.2020 год., од 08.00 до 12.00 часот. Одговорен за вонредни ученици – Зоран Мицевски.
ИНВЕСТИРАЈ ВО СВОЈАТА ИДНИНА ЗАПИШИ СЕ ВО ПУПИН
Погледнете го новото видео на нашиот Youtube канал: ИНВЕСТИРАЈ ВО СВОЈАТА ИДНИНА ЗАПИШИ СЕ ВО ПУПИН !
Проект „Чиста Енергија за Чист Воздух“

Во рамки на проектот „Чиста енергија за чист воздух“, во организација на Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој ЗГ ЦеПроСАРД, поддржан од Владата на РСМ, на 14.05.2020 се одржа онлајн Завршен Настан преку ZOOM платформата, на кој присуствуваа ученици од втора и четврта година од нашето училиште.
XXXVI државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта на Република Македонија
Првонаградени на 53-от Државен натпревар на младите истражувачи од Р.Македонија – Наука на млади
Е-настава
Линк до веб страната на еден од нашите наставници по стручни предмети, каде тековно се поставуваат е-содржини за потребите на наставата. Пријатно учење!
Интервју за емисијата на влашки јазик
Интервју за реформите во образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика, EVN паралелката, проектите на училиштето и дел од работата на техничката секција.
Наградени на „Лидер 2017 година“
Обука за ОТО роботи во Школски центар Крањ
Техничката секција успешно одговори на барањата

Во текот на првото полугодие од учебната 2017/2018 година Техничката секција, во која членуваат ученици од сите четири години и сите образовни профили, успешно одговори на барањата за одржување на компјутерската опрема во училиштето. Учениците од Техничката секција поправија 130 монитори, 60 mouse-и, 10 тастатури и 30 компјутери.
Успешен настап на државниот натпревар за средни стручни училишта
Ученици на обука во средното училиште „Руѓер Бошковиќ“-Винковци, Р Хрватска

Во рамки на програмата за соработка помеѓу СЕТУГС „Михајло Пупин“ Скопје и техничкото училиште „Руѓер Бошковиќ“ од Винковци, Република Хрватска – Мобилност за учење преку пракса, во периодот од 22 до 28.04.2018 година се реализираше обука со наслов: „Програмирање на индустриска роботска рака“ во Техничката школа „Руѓер Бошковиќ“.
Денови на електротехниката 2018 година
Пофалница за нашето училиште
Уште еден успех на учениците од СЕТУГС „Михајло Пупин“
Благодарници и награди за постигнати високи резултати на регионалните натпревари од електротехничката струка

Градоначалникот на Град Скопје, господинот Петре Шилегов им врачи благодарници и награди на учениците од СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје, Никола Индовски и Давид Тираноски за постигнатите високи резултати на регионалните натпревари од електротехничката струка, како и благодарници на нивните ментори кои ги подготвуваа – Ивица Шпољариќ и Софија Темкова.
Започна новата учебна 2018/2019 година
Соработка со Црвен крст ОО Гази Баба

На 27.09.2018 во просториите на Домот на културата- населба Автокоманда, во оранизација на Црвен крст ОО Гази Баба се одржа мотивациски настан на тема: „Приказна за хероите од мојот град“, со цел да се промовира и подигне јавната свест за значењето на општесвениот активизам, вредностите како и потребите и начините за подобрување на општеството.
Посета на Музеј на современа уметност
СОРАБОТКАТА СО ЕВН МАКЕДОНИЈА НА ПОВИСОКО НИВО

И оваа учебна 2018/2019 година продолжува соработката со компанијата ЕВН Македонија. Имено, по успешното стартување на проектот „20-20-20“ за оваа учебна година предвидени се повеќе активности во насока на подобрување на условите за работа на учениците од ЕВН паралектата и стекнување на квалитени и трајни знаења кои ќе бидат применливи на пазарот на трудот.
Одбележан патрониот ден на училиштето
Проект CORELA – ERASMUS + 2018-2020 година
Tрето место на 39 Макинова 2018
Првонаградени на општински натпревар
Благодарница од Црвен крст на Република Македонија
Есенска крводарителска акција
Лидер на струката 2018
Први во категоријата филм
Продолжува соработката со компанијата ЕВН Македонија
Меморандум за соработка со „Глобал секјурити“ ДООЕЛ Скопје

Средното електротехничко училиште ,,Михајло Пупин“ – Скопје и компанијата за техничко обезбедување ,,Глобал секјурити“ ДООЕЛ Скопје потпишаа меморандум за соработка со цел да им овозможат на учениците да учат низ пракса и полесно да најдат работа по матурирањето.
https://www.fakulteti.mk/kako da izbrkate kradec so mirizliv cad
Завршни сметки за 2018 година
Покана за Денови на електротехниката
Почитувани,
Средното електротехничко училиште на Град Скопје ” Михајло Пупин ” – Скопје Ве поканува на учество на натпреварот Денови на електротехника, кој по осми пат се одржува во нашето училиште.
ИНФОТИН на гости кај МИХАЈЛО ПУПИН
ИНФОТИН на гости кај СЕТУГС „Михајло Пупин“
Повеќе видеа од нашето училиште погледнете на нашиот youtube канал http://bit.ly/mihajlopupin
ОТВОРЕН ДЕН ВО СЕТУГС „МИХАЈЛО ПУПИН“ -18.05.2019

ПОЧИТУВАНИ, ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА НА ДЕН 18.05.2019 ГОДИНА (САБОТА ) СО ПОЧЕТОК ВО 11.00 ЧАСОТ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ – СРЕДНО ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „ МИХАЈЛО ПУПИН“ – СКОПЈЕ ЌЕ ИМА ОТВОРЕН ДЕН ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ ОД ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ. ЦЕЛТА Е ДА СЕ ЗАПОЗНААТ ПОДОБРО СО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ И ДА ГО ПРОДОЛЖАТ СВОЕТО ШКОЛУВАЊЕ ТОКМУ КАЈ НАС.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!
Прво место за медиумски производ на конкурсот „Изрази се преку медиумите“
Финалисти на Денови на електротехниката-17.05.2019 12.00h
Училишта чии тимови – финалисти ќе се натпреваруваат на квизот „Тркало на среќата” кој ќе се одржува на 17.05.2019 год. (петок) од 12.00h во рамките на осмата по ред манифестација „Денови на електротехниката” при СЕТУ на ГС „Михајло Пупин” – Скопје се:
СЕТУГС „МИХАЈЛО ПУПИН“ Е ПРВОТО УЧИЛИШТЕ ШТО ПРОМОВИРА E – LEARNING

СЕТУГС „МИХАЈЛО ПУПИН“ е првото училиште во Р.С.Македонија што промовира E – LEARNING. Сите ученици од образовниот профил Електричар електромонтер за електроенергетски мрежи ќе добијат таблети на кои ќе ги имаат сите наставни програми и учебници, тестови и се што е потребно за напредна настава. Најнова светска технологија. Промовирањето на E- learning го направи Штефан Петер – претседателот на управниот одбор на ЕВН Македонија.
Честит патронат СЕТУГС „Михајло Пупин“
СТОП ЗА ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Противпожарна симулација во СЕТУГС „Михајло Пупин“
Горди на нашиот ученик
Успешна приказна на нашиот ученик Илија Ристов од III-5 клас.
Приказната за ова дете – гениј од Демир Капија ќе ве инспирира
Регионален натпревар по математика во СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје
Сабота 08.02.2020 во СЕТУ на Град Скопје Михајло Пупин ќе се одржи регионален натпревар за средни училишта по предметот Математика. Натпреварот ќе започне во 09.30 минути.
Регионален натпревар по математика
Додела на таблети на учениците
Опремување на кабинети
Завршни сметки
ON-LINE НАСТАВА
Почитувани ученици,
поради тековната состојба со прекин на воспитно-образовниот процес, поставуваме нов сервис на веб страната на СЕТУГС „Михајло Пупин“. Имено поставена е страница ON-LINE НАСТАВА , каде по наставни години можете да ги најдете соодветните предмети и да ги преземате лекциите, презентациите , наставните материјали соодветно на вашиот распоред, кои тековно ќе бидат ажурирани. Секако предметните наставници стојат на располагање за консулатции.
Воедно ве замолуваме да се придржувате на препораките од Министерството за здравство и ви посакуваме добро здравје и пријатно учење!
СЕТУГС „Михајло Пупин“ изработува заштитни маски против Корона

СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН – Почитувaни во кординација со 3D принт медицинска опрема од денес во погон го ставивме 3Д принтерот во работа за производство на Визири или заштитни маски против вирусот Корона кој ќе ги донираме на медицинските лица.. До крајот на годината ќе направиме напори да обезбедиме уште најмалку еден 3Д принтер за потребите на наставата во училиштето..
# ОСТАНИ ДОМА СПАСИ ЖИВОТ #
Соопштение

СЕТУГС „Михајло Пупин“ -систем за автоматското дезинфицирање на возилата на територија на Гази Баба
Youtube канал на училиштето
Повеќе видеа со изработки на учениците и гостувања во емисии можете да погледнете на нашиот Youtube канал.
Предавање на тема „Чиста енергија за чист воздух“

На 21.04.2020 во организација на Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој
ЗГ ЦеПроСАРД, во рамки на проектот „Чиста енергија за чист воздух“ ,поддржан од Владата на РСМ, се одржа обука на тема „ Намалување на аерозагадувањето со намалување на енергијата во домаќинствата“.
Гостување во емисијата на влашки јазик
По повод освоеното прво место на МАССУМ за најдобра веб страна и online наставата во СЕТУГС „Михајло Пупин“, проф. Анѓелка Андрески гостува во емисијата на влашки јазик на МРТВ – Scanteau. Погледнете го целото интервју на нашиот youtube канал.
Видео прошетка низ СЕТУГС „Михајло Пупин“
Погледнете го новото видео на нашиот youtube канал кое ве води на виртуелна прошетка низ нашето училиште.
Известување до сите деветоодделенци
Почитувани деветооделенци, наши идни ученици – средношколци,
ве известуваме дека закажаниот отворен ден во сабота 16.05.2020 поради вонредната состојба нема да се одржи. Сите потребни информации ќе можете да ги најдете на нашата веб страна и нашиот Youtube канал на кој ќе поставуваме видеа и ќе ги споделуваме на веб страната.
Ве очекуваме на уписи!
Поранешни ученици на СЕТУГС „Михајло Пупин“
Нови видеа на нашиот Youtube канал, во кои поранешни ученици зборуваат за позитивното искуство од СЕТУГС „Михајло Пупин“:
Атанас Шајкаров
Александар Блажевски
Васил Соколчевски
Теодора Спасовска
Александар Стојанов
Јовица Блажевски
Михаил Стоилов
Јована Николоска
Стефан Митров
Филип Симоновски
Кире Арсовски
Ново видео – EVN паралелка
Поглeднете го новото видео на нашиот Youtube канал – EVN паралелка.