СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН Ви ги претставува двете нови дуални паралелки

178158336_10158978133865642_16533003441206696_n

СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН Ви ги претставува двете нови дуални паралелки кои стартуваат од 01.09.2021 година и тоа ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР-ЕНЕРГЕТИЧАР и ЕЛЕКТРОМЕХАНИЧАР. Денес во просториите на училиштето беше потпишан договор за новата дуална паралелка со директорите на четри нови компании кои нудат вработување на учениците од овој профил. Во СЕТУ Михајло Пупин влегуваат како партнери
ЕСМ ( ЕЛЕМ ) Македонија, Раде КОНЧАР контактори и релеи, МАСАК и Либерти. Со овој договор училиштето станува водечки фактор за дуално образование на целата територија на Македонија. Благодарам на директорите на овие компании со кои заедно ќе работиме за интересите на учениците. Благодарност до министерката Г-ѓа Мила Царовска која дава максимална подршка на стручното образование и на нашето училиште. КРЕИРАЈ ЈА СВОЈАТА УСПЕШНА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА -ИЗБЕРИ СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН!