Резултати од тест по Физика – Денови на електротехниката 2022

Денес на 12.05.2022 во просториите на нашето училиште започна IX-тата по ред манифестација Денови на електротехниката. Присуствуваа голем број на основни училишта од Град Скопје и за првпат годинава и основни училишта од другите градови од Р.С.Македонија. После свеченото отварање на кое обраќање имаше Директорот на СЕТУГС „Михајло Пупин“ – м-р.Димитар Ѓорѓиев, учениците се упатија на решавање на тестот по Физика. По завршување на тестот, учениците од основните училишта заедно со своите ментори , организирано ги однесовме на Матка и органзииравме посета на Музејот на ЕВН – Изложбениот центар „Матка“. Во прилог се резултатите од тестот по Физика.
Резултати од тестот по Физика – Денови на електротехниката 2022
Во текот на утрешниот ден трите најдобро рангирани училишта ќе се натпреваруваат на Квиз натпревар.
Им посакуваме успех на сите учесници!