Прв Дигитален саем за средно стручно образование

260275883_10159489842585642_6270365525345923159_n

Почитувани,
Ни претставува задоволство да Ве поканиме на првиот Дигитален саем за средно стручно образование, организиран од проектот Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е@мк, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Настанот ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември, 2021 година од 13 часот. СЕТУ “Михаjло Пупин” е на агендата на 01.12.2021 со почеток од 13.30h. Овој настан има за цел промоција на средното стручно образование како остварлива можност за кариера.
За време на настанот, учениците од деветто одделение од сите основни училишта ќе имаат можност да се запознаат со можностите за различни стручни образовни профили во средните стручни училишта, како и да слушнат успешни примери за соработка на средните стручни училишта со бизнис секторот и обраќања на лица од различни струки кои ќе го споделат своето професионално искуство.
Настанот ќе се реализира преку платформата Zoom Webinar и за следење од страна на училиштата се потребни интернет врска и уред (на пример, смарт табла/смарт телевизор/лаптоп и проектор) кој ја поддржува платформата Zoom Webinar како и просторија во која би можеле учениците да го следат настанот (секој клас одделно). Настанот ќе се реализира во два дена, а времетраењето би било околу 1 час по ден.
Во прилог Ви ја испраќаме агендата и линкот.

http://mk.mcgo.org.mk/vesti/prv-digitalen-saem-za-sredno-strucno-obrazovanie/

Прв Дигитален саем за средно стручно образование | MCGO
mk.mcgo.org.mk
Настанот можете да го следите во живо на линковите:

За 30 ноември – https://youtu.be/j6QX_j2ueX0
За 1 декември – https://youtu.be/NIlgWWJWFHo
Агенда: